Мај 28, 2022
Проверка на факти
Ширење на бранот од лаги, воена инвазија и инвазија од дезинформации
Состoјбата со дезинформациите во Северна Македонија во двете недели пред и по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Мај 28, 2022
Проверка на факти
Лавров во уште една спин офанзива за оправдување на руската агресија врз Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за воената интервенција во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија цел е ослободување на угнетеното руско население во Донбас и Луганск. Лавров го повтори ставот дека влегувањето на руската војска во Украина треба да донесе „демилитаризација и денацификација на украинските вооружени сили и целото општество, кое живее со нацистичка идеологија“. Српскиот народ го нарече „братски“, со кој Русите имаат заедничка историја и непријатели, а Црна Гора и Северна Македонија, земји „вовлечени во санкции“ во замена за ветувања за брзо зближување со ЕУ“.
Мај 28, 2022
Руска медиумска сцена
Контролирани содржини со малку простор за странски медиуми
Граѓаните во Русија добиваат дозирани содржини, во сила се цензорски закони засилени со новоусвоениот Закон од 4 март, со кој е предвидена дури и казна затвор од 10 до 15 години „за свесно ширење лажни вести за руската војска“. Водечките руски телевизии – „Канал 1“ и „Росија 1“ се контролирани од државата, а третата најголема ТВ-мрежа, НТВ, е сопственост на државниот енергетски гигант „Газпром“. Во Руската Федерација работат повеќе од 3.000 радиостаници, а државата е основач на трите главни мрежи „Радио Росии“, „Мајак“ и „Вести ФМ“. Во Русија се издаваат над 16.000 регистрирани весници, додека само 22 можат да се купуваат во целата држава. Идентично како и кај телевизиите, и кај весниците најпопуларните имаат провладина уредувачка политика.
Мај 28, 2022
Проверка на факти
Руската инвазија врз Украина не е специјална воена операција, како што спинува Левица
Политичката партија Левица ја искористи терминологијата на Кремљ дека руската инвазија во Украина е всушност „специјална воена операција“. Во оваа изјава се препознава спин, ако се земе предвид дека специјалните операции се воени активности спроведени од специјално назначени, организирани, избрани, обучени и опремени сили кои користат неконвенционални техники и начини на делување. Специјалните операции можат да вклучуваат извидување, неконвенционално војување и антитерористички акции, а обично се спроведуваат од мали групи високо обучен персонал, што не е случај со Украина.
Мај 28, 2022
Проверка на факти
Тоа што во Русија има антивоени протести, не значи дека е демократска држава
Антивоентите протести во Москва, Санкт Петерсбург и во други руски градови, не се доказ дека руската држава има демократски капитал, како што спинува Бишевац. Големиот број на апсења, цензурирањето на одредени медиуми и на поголемиот дел од социјалните мрежи го тврди токму спротивното. Неточно и манипултивно е и тврдењето дека Украина не примила ниту еден бегалец од жариштата во Сирија, Авганистан и Ирак. Податоците на УНХЦР велат дека во 2020 година во Украина престојувале 2.172 беглаци и 2.430 баратели на азил. Дел од тие бегалци, кои претходно побегнале од воените жаришта од Блискиот Исток, сега повторно се бегалци, обидувајќи се да избегаат од уште една војна во земјата во која нашле засолниште.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Не е точно дека Русија не гранатира цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни
Тврдењето на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин дека руските вооружени сили не гранатираат цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни, делува чудно и во најмала рака прозвучува неразумно во ситуација кога бројни светски и домашни медиуми постојано објавуваат снимки од разрушени цивилни објекти во Украина. Не е можно сите тие снимки кои се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи да бидат лажни. Потврда за тоа дека руските сили напаѓаат цивилни објекти има и од украинските власти.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина
Министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи на 7 март во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден пред инвазијата купило гориво од руска компанија во земјата, поточно „ЛукОил“, пишува Порталб.мк.
Мај 26, 2022
Проверка на факти
Сцена од филм од 2017, невистинито претставена како од инвазијата во Украина
Видео материјалот всушност е клип од филм снимен во 2017 година, а не украински војници кои заминуваат во војна. Видеото потекнува од филмот „The War of Chimeras”. Филмот ја документира приказната за млад брачен пар за време на битката кај Иловајск, која се одвиваше во 2014 година во близина на Доњецк, Украина.