Албанците не се платеници испратени во Украина
Текстот насловен „Албанските платеници во Украина: Подготвени сме за војна со Русија и спречување на агресијата, го пренесува интервјуто на албанскиот канал Топ чанел со еден војник Албанец кој живее во Украина, за да ја опише ситуацијата во украинските граници во пресрет на можниот воен конфликт меѓу Русија и Украина. Уште од сензационалниот наслов, авторот на текстот вели дека албанските платеници ја поддржуваат украинската војна, со што го оцрнува и украинскиот отпор, исто така и Албанците.
Авторот на текстот го пренесе делот каде што војникот Емануел Базањи вели дека веќе две години живее во Украина.
„Емануел Базањи неколку години служел во албанската војска, во пешадискиот баталјон. Воената кариера ја завршил во Тирана, но веќе две години ја продолжува како дел од украинската армија. Во интервју за новинарот на Топ чанел, Мухамед Велиу, тој објаснува зошто решил да се приклучи на армијата на оваа земја која од момент во момент нервозно чека да биде нападната од Русија. Подготвени сме со помошта на сојузниците“, вели Емануел, „да издржиме секој напад“, пишува во текстот што го рецензираме.
Сепак, во оригиналното интервју на албански јазик, Базањи вели дека не отишол во Украина да се бори, но авторот го избегнал овој елемент. Со ова и манипулираат медиумите, бидејќи написот покажува употреба на манипулативната техника позната во Прирачникот на CriThink како концепт „Селективни факти“. Овој концепт има тенденција да „прикаже факти кои зборуваат во прилог, а во исто време игнорираат факти кои се против на тврдењето“. Така, авторот намерно ги наведува читателите да мислат дека Базањи отишол да се бори за плата.
Вистината е дека во интервјуто тој вели дека отишол во Украина за да започне нов живот, а се приклучил во украинската војска затоа што тоа му е професија. Тој понатаму објаснува дека има и други албански војници кои се приклучиле на украинската армија, а кои се ветерани од различни војни каде што биле ангажирани НАТО.
Поинтересен е фактот што подолу во текстот се и овој дел на написот, па авторот на веста се само-демантира за неговиот бомбастичен наслов.
„Моите почетоци овде теоретски не се директно поврзани со војна или со нешто. Дојдов во оваа земја за да започнам нов живот, плус за да му помогнам на украинскиот народ“, вели Емануел Базањи во интервјуто за Топ чанел.
За илустрација зошто не е чудно Албанец да живее сам во Украина, без да е истовремено платеник, кликнете на текстот на Радио Слободна Европа која подготви прилог за Албанците од Украина, за кои се вели дека ги има во илјадници.
Проруската пристрасност и симпатија се очигледни со тоа што се претставува како „жртва“ пред платена воена сила, а не како армија која се бори за правата и слободите на својата држава, како што е Украина. Затоа, овој текст не ја одразува целосната вистина бидејќи ги избегнува клучните факти кои целосно го менуваат правецот истиот. Се чини дека клучните елементи на рускиот наратив на Западен Балкан се користени како што е илустрирано во истражувањето на Стратком (Центар за стратешки комуникации на НАТО):
- Западен Балкан е арена на судир на интереси меѓу Истокот и Западот
- Земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани
- ЕУ/НАТО се слаби и не се обединети
- НАТО Алијансата е агресивна и провокативна
Овој текст ги прекршил основните принципи на новинарството како што се:
- Основна должност на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана, согласно член 16 од нашиот устав.
- Улогата на новинарите е да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во преносот на информациите, новинарите мора да бидат искрени, објективни и точни.
- Право и должност на новинарите е да се обидат да спречат цензура и искривување на вестите
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар