Skip to main content

Демонстранти во Ирак, прикажани како вакцинирани луѓе со експлодирани глави по вклучување на 5Г мрежата

Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година. Според видеото објавено на 12.11.2019 година на Јутјуб, снимките всушност го прикажуваат одговорот на демонстрациите против владата на поранешниот ирачки премиер Адел Абдул Махди. За време на демонстрациите, безбедносните сили испукале солзавец директно во демонстрантите, при што загинале најмалку две лица. Исто така, не е точно дека во вакцините има чипови, како што се тврди во постот. Нивниот волумен е толку мал, што нема ниту теориска шанса да се вметне чип во вакцината, дури и кога би сакал некој да се впушта во таква скапа неразумна интервенција.

 |   | 

Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година. Според видеото објавено на 12.11.2019 година на Јутјуб, снимките всушност го прикажуваат одговорот на демонстрациите против владата на поранешниот ирачки премиер Адел Абдул Махди. За време на демонстрациите, безбедносните сили испукале солзавец директно во демонстрантите, при што загинале најмалку две лица. Исто така, не е точно дека во вакцините има чипови, како што се тврди во постот. Нивниот волумен е толку мал, што нема ниту теориска шанса да се вметне чип во вакцината, дури и кога би сакал некој да се впушта во таква скапа неразумна интервенција.

Пост на Фејсбук дезинформира дека главите на луѓе кои примиле вакцина против ковид-19 експлодирале по вклучување на 5Г сигналот во Израел. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.

КАДЕ ШТО ЧАДИ – ИМА И ОГАН…

Ова видео е преземено од Jim Crenshaw, кој изјави: „Немам добиено потврда за вистинитоста на ова видео, но не би ме изненадило ако е вистина. Го пронајдов на каналот Connect The Dots Channel.“

Во ова пола-минутно видео под наслов „Главите на луѓето кои примиле вакцина, буквално експлодираа и чадеа, по вклучувањето на 5Г сигналот во Израел“, навистина ќе видите како луѓето паѓаат како покосени и од нивните глави излегува чад:

Навистина, во сегашните околности, тешко е да се докаже дека главите на луѓето буквално експлодирале заради вклучувањето на 5Г мрежата. Сепак, имајте ги предвид предупредувањата на бројни реномирани доктори и научници, кои храбро ја изнесуваат вистината за опасноста од К19 вакцината, кои често пати нагласуваа дека вклучувањето на 5Г мрежата го прави телото на примателите на вакцина како антена, која реагира на испратените сигнали, заради металните честички, кои се внесени во телото заедно со вакцината. Нивните тврдења беа прогласувани за лажни од тнр. “проверувачи на факти”, кои немаат никакви познавања од медицината, туку само попречуваат да се дознае вистината, се вели во објавата која ја анализираме.

Објавата е придружена со видео на кое се гледаат луѓе како во паника трчаат, додека гас ја опкружува главата на маж облечен во сива и црвена тренерка. Во еден дел од видеото е фатен човек како лежи со лицето на подот покрај знамето на Ирак. Друг дел од видеото покажува неколку луѓе како лежат со лицето нагоре, а на земјата има крв.

Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид-19 на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година.

Според видеото објавено на 12.11.2019 година  на Јутјуб, снимките всушност го прикажуваат одговорот на демонстрациите против владата на поранешниот ирачки премиер Адел Абдул Махди во октомври и ноември 2019 година. За време на демонстрациите, безбедносните сили испукале солзавец директно во демонстрантите. Најмалку две лица загинаа кога солзавец бил фрлен директно во нивните глави.

Се чини дека снимката повторно се појавува како дел од теоријата на заговор дека 5Г ќе предизвика здравствени проблеми кога ќе се „активира“ или „вклучи“.

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана, не e поткрепена со никакви факти и е невтемелена во реалноста. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваат во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакциналниот процес.

Дека нема поврзаност и нема никакво влијание 5Г мрежата врз коронавирусот беше потврдено уште во почетокот на минатата година. Речиси сите релевантни институции излегоа со извештаи дека нема докази оти оваа мрежа има влијание на имунолошкиот систем и дека е штетна по човечкото здравје. Во февруари лани и Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не е откриено влијание  на оваа мрежа врз јавното здравје.

И по многу направени истражувања, досега не е забележано ниту едно штетно влијание врз здравјето кое е предизвикано од изложување на безжичната технологија,  се наведува во објаснувањето на СЗО.

„Вистиномер„ досега многупати има пишувано за оваа теорија на заговор.

Исто така, не е точно дека во вакцините има чипови, како што се тврди во постот што го анализираме. Нивниот волумен е толку мал, што нема ниту теориска шанса да се вметне чип во вакцината, дури и кога би сакал некој да се впушта во таква скапа неразумна интервенција.

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Ова го потврдиле и проверувачи на факти од Австралија кои се занимавале со ова прашање.

Интерната димензија на иглата е 0.3 милимери. Чипот би морал да е фракција од ова, за да се спречи да се заглави. Мислам дека не е можно, а особено зашто би морало да биде вграден и трансмитер. За микрочипот да може да помине низ оваа игла со која се врши вакцинацијата, би морал да биде помал од десет илјадинки од милиметар, пишуваат проверувачи на факти од Австралија.

„Вистиномер“ и овие информации ги има дебанкирано многупати досега.

Факт е дека видеото прикажано во објавата не е од луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа. Се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година. Вакцините против ковид-19 не содржат чипови и немаат никаква врска со 5Г мрежата. Од сето ова, можеме да заклучиме дека постот кој го анализираме е невистинит, тој шири теории на заговор со цел да наштети на процесот на имунизација против ковид-19.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар