Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО
Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп.
Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп.
Фејсбук пост, пренесувајќи друг пост со коментар, дезинформира дека „во Соединетите Американски Држави судот донел пресуда за прекин на финансирање на СЗО“.
Во прилог на постот, кој има 777 споделувања, е додадено дообјаснување, кое, исто така, дезинформира:
Точно така, во Флорида и во уште неколку амерички држави уште од пред неколку месеци папаат казна од 8 илјади долари сите сопственици на фирми кои ги принудуваат своите вработени да се вакцинираат.
Пренесениот пост со принтскрин, е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, САД остануваа членови на Светската здравствена организација, откако неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп.
Ова писмо значи повлекување на писмото на Владата на Соединетите Американски Држави од 6 јули 2020 година, во кое ве информира дека Владата на САД имала намера да се повлече од СЗО на 6 јули 2021 година. САД имаат намера да останат членки на СЗО, информира Бајден во писмото.
Писмото на Бајден беше, всушност, првата одлука што тој ја потпиша како претседател на САД. Независниот сервис за проверка на факти Verify пишува дека со оваа одлука САД не само што останува активен член на СЗО, туку и ќе ги уплати сите заостанати средства на име членарина кон организацијата.
Во анализата за донациите на СЗО, Verify, повикувајќи се на нејзините финасиски извештаи, објавува дека во топ 10 финасиери на Светската здравствена организација, САД се наоѓа на петтото место. Секоја година САД одвојува по 500 милиони американски долари за СЗО.
Во Фејсбук постот што го рецензираме, се тврди и дека во Флорида и во уште неколку држави „од пред неколку месеци се воведени казни од 8 илјади долари за сите сопственици на фирми кои ги принудуваат своите вработени да се вакцинираат“.
Лага е дека веќе неколку месеци во Флорида со 8 илјади долари се казнуваат работодавачите, кои бараат ковид пасоши. Факт е дека од 16 септември 2021 година стапи во сила закон потпишан од републиканскиот гувернер Рон Де Сантис, кој е силен опонент на политиката на демократот Џо Бајден. Де Сантис на ден пред стапувањето во сила на законот, рече дека неговата држава ќе ги казни локалните власти и работодавачите со 5.000 долари за секој вработен што ќе биде принуден прими вакцина за да остане на работа.
Минатиот четврток, претседателот Џо Бајден објави дека федералната влада ќе наложи вакцини против ковид за федералните работници и изведувачи. Тој, исто така, најави итно правило со кое се бара од сите работодавачи со 100 или повеќе вработени да бараат нивната работна сила да биде целосно вакцинирана, додека невакцинираните вработени, ќе имаат обврска барем еднаш неделно да приложуваат негативен ковид тест на сопствен трошок.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар