Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
Пост на Фејсбук шири дезинформации дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот се руски рулет, односно дека брисевите содржат графен оксид. Ова не е точно.
ДАЛИ PCR ТЕСТОВИТЕ СЕ РУСКИ РУЛЕТ???
ДЕВОЈКА ОД КИНА, НЕ ВЕРУВА ВО ТЕСТОВИТЕ И ТВРДИ, ДЕКА БРИСЕВИТЕ СОДРЖАТ ГРАФЕН
Кинеските здравствени службеници спроведуваат тестови, од врата до врата во некои затворени градови. Оваа Кинескиња рече, дека секој ден се тестирала, но по вчерашниот тест, се чувствувала многу лошо и затоа престанала да се тестира.
Преводи: “Користете го мојот Q-совет за тестирање”, “Не сакам да го користам вашиот Q-совет, вашиот Q-совет содржи графен”, “Ако го користам вашиот, тогаш можам да плукнам по вашиот Q-совет” , “Дуријанското месо може да се тестира, свинското месо, зошто да не и луѓето?” , “Вирусите исто така можат да се тестираат и во мојата плунка”, се вели во постот што го анализираме.
Тврдењето во постот дека ПЦР тестот содржи графен оксид, тоа не е точно. Графенот е материјал со јаглеродна структура со дебелина на еден атом. Опсегот на апликации за графен и неговите оксиди е исклучително широк и сè уште е во фаза на проучување. Особено графен оксид се користи во производството на лекови за третман на малигни тумори, во научни експерименти, секвенционирање на ДНК, во индустријата и други области.
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело, нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
Графен оксидот често се спомнува во лажните вести кои се поврзани со коронавирусот. „Вистиномер“ досега повеќепати дебанкираше вести кои дезинформираат дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид.
Што се однесува до ПЦР тестовите „Вистиномер“, исто така, има пишувано дека тие се безбедни и не се отровни.
Познато е дека молекуларниот тест (ПЦР тестот), со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19.
Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавилах уште во април за МИА изјави дека според упатствата на СЗО, ПЦР тестот е направен да го детектира самиот вирус, односно антигенот.
Со овие тестови се бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук! Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија.
Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што е предмет на нашата рецензија шири невистини за безбедноста на ПЦР тестовите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар