Skip to main content

Проверка на факти

Не е точно дека екс украинската мисица се вклучува во борбите во Украина

Поранешната мис на Украина, Анастасија Лена на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со автоматска пушка, но тоа не значи дека таа се приклучила на украинската армија. Анастасија Лена објавила фотографии на својот инстаграм профил само за да ги инспирира своите сонародници. „Јас не сум војник, само жена, само обичен човек како и сите луѓе во мојата земја“, напиша таа на Инстаграм.
 |  инфодеск  | 
Анастасија Лена мис на Украина

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто е споделена информација за тоа дека поранешната мисица на Украина од 2015 година, Анастасија Лена, се вклучува во борбите кои се водат во Украина по руската инвазија на оваа држава.Запознајте ја Мис Украина, Анастасија Лена. Анастасија беше крунисана за победничка на националниот натпревар во 2015 година, но манекенката го замени својот гламурозен начин на живот за да го стави своето тело на борбена линија за Украина. Украина има 36.000 жени кои служат во војска. И тие се борат со срцето„Ги оставам штиклите и гламурот да ја бранам нејзината земја, дури и ако тоа ја чини сопствен живот, таа е воена и иако беше без служба, реши повторно да се приклучи на армијата за да се бори за мирот и слободата на нејзината нација“ (Мис Украина, Анастасија Лена)се вели во постот што го рецензирамеМеѓутоа, не е точно дека поранешната мисица на Украина, Анастасија Лена се приклучила кон украинската армија.На 23 февруари годинава, Анастасија Лена, навистина има споделено на својот Инстаграм профил фотографија каде таа позира со оружје. До фотографијата е испишано: ,,НandsOffUkraine” и ,,StandWithUkraine”. Фотографијата има над 140 илјади допаѓања.Но подоцна, на 27 февруари, таа објави на Инстаграм појаснување.Јас не сум војник, само човек. Јас не сум војник, само жена, само обичен човеккако и сите луѓе во мојата земја.Сите фотографии на мојот профил сè за да ги инспирираат луѓето…, напиша поранешната мисица Лена.

Со оглед на тоа што фотографиите споделени во текстот што го рецензираме, претставуваат само фотографии со кои таа направила обид да ги мотивира и инспирира своите сонародници, оценуваме дека не е вистина дека поранешната мисица на Украина Анастасија Лена, одговорила на поканата на официјален Киев за регрутирање и дека се придружила на украинската армија.

Дезинформацијата го обиколи светот и беше рецензирана од проверувачи на факти во повеќе држави. 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар