Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе
Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница.
Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани
Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања.
Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата
Постот што го анализираме шири дезинформации. Тврдењето дека децата насилно ќе бидат вакцинирани е неосновано и без никакви докази. Вакцинацијата на децата е доброволна и исклучиво со одобрение на родителите.
Дејвид Ејмес не е убиен зашто бил против вакцините
Убиството полицијата не го поврзува со политичките афилијации на пратеникот, ниту, пак, со неговите политики во врска со ковид, кои, патем, не биле целосно спротивни на вакцините со оглед на тоа што поддржал ограничување на движењето на невакцинирани во одредени ситуации. Мотивите за убиството се терористички и на ниеден начин не се доведени во корелација со некакви ,,сатанисти” кои ги убиваат сите кои се против вакцините и ковид пасошите. Всушност, полицијата уште веднаш напомена дека никој, освен осомничениот, кој, пак е веќе приведен – на 25 годишна возраст со британска адреса на живеење, а по потекло од Сомалија, не се товари за ова грозоморно убиство, од што произлегува дека има само еден сторител, а не повеќемина.
Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата
Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен
Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“.
Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус
Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно 240.940.937 потврдени случаи, а бројот на починати е речиси пет милиони – 4.903.911.
Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина
Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив.