Skip to main content

Окт 20, 2021

Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на „Фајзер“ е поделен и за политичарите во Македонија, тоа е целосно паушално нафрлено и непоткрепено со никакви докази.


Окт 20, 2021

Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.


Окт 20, 2021

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.


Окт 20, 2021

Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт.


Окт 20, 2021

Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19.


Окт 20, 2021

Наредбата за задолжтелна вакцинација што ја наложи претседателот на САД, Џо Бајден се однесува само за извршната власт. Тааа ги вклучува вработените во Белата Куќа и повеќето федерални работници. Наредбата на Бајден важи и за вработените во Центарот за контрола и превенција на болести, Агенцијата за храна и лекови, коишто се владини агенции, но не и за Конгресот. Тој е изземен од оваа наредба, затоа што е дел од легислативната власт.


Окт 20, 2021

Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал.


Дек 24, 2021

Микробиологот Пановски изразува сомнеж дека омикрон можеби е влезен во Македонија, а потврда за такво нешто немаше. Оттука, насловот на текстот линкуван во постот е погрешно формулиран, а на самата објава на Фејсбук ѝ недостига контекст, односно објаснување дека станува збор за претпоставка, а не за официјална потврда. Сојот омикрон на коронавирусот во земјава пристигна дури четири дена подоцна.