Skip to main content

Окт 18, 2021

Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението.


Окт 18, 2021

Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјата.


Окт 18, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост.


Окт 18, 2021

Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во целосното интервју таа споменува многу причини, како недоволна вакцинација, старосна возраст на населението, коморбидитети, како, на пример, зголемен број на дијабетичари кои се поранливи на тешка форма на ковид и други.


Окт 18, 2021

Згрутчувањето на крвта е многу ретко, во многу мал број случаи, така што дури и кога тие би се лекувале со лекови од „Фајзер“, повторно би станувало збор за многу мал број случаи и последично на тоа многу мал број лекови. Така што „Фајзер“ не би можел да се збогати од тоа и парите што би ги заработила компанијата од продажбата на тие лекови би биле минорен процент од вкупните приходи.


Окт 18, 2021

Со гледање на пошироката слика и земајќи го предвид контекстот на презентираните бројки, никако не може да се изведе заклучок дека вакцините се виновни за бројот на заболени или починати. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува развивање на тешка клиничка слика, хоспитализации и смртен исход. Оттука, не само што вакцината не е виновна за зголемениот број на починати, туку таа спасува животи.


Окт 18, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.


Окт 5, 2021

На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови.