Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините
Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000, а тоа потенцијално може да погоди 700.000 луѓе. Никогаш не кажал дека нусефектите ќе бидат фатални, како што се наведува во објавата, која ја подгрева антиваксерската кампања и може да има негативно влијание врз процесот на вакцинација.
Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин
Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно зашто содржи полувистини, невистини и извртувања.
Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат
Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“.
Видеоматеријал на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот во вакцината е опасен и предизвикува смрт
Tврдењата за опасноста на спајк протеинот и неговата поврзаност со вакцината, изнесени во видеоматеријалот што се споделува во оваа објава, ги оценуваме како невистинити. Голем број медицински извори укажуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и истиот е во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор. Во објавата погрешно се интерпретира научна студија. Според коавторот на студијата, присуството на минорни количества спајк протеин не значи дека мРНК вакцините имаат потенцијал да предизвикаат сериозна штета.
Грешна информација злоупотребена за да се наштети на процесот на вакцинација против ковид-19
Информацијата дека најмногу од пациентите примени на Инфективната клиника се со примени две дози вакцина, експресно ја демантираше Министерството за здравство. ТВ 24 која ја објави (дез)информацијата го пренесе демантот, посочувајќи дека била направена ненамерна грешка и ја повлече веста. Но и покрај тоа, оваа објава на Фејсбук го користи ваквиот пропуст на телевизијата и продолжува да ја шири неточната информација за да му наштети на процесот на имунизација.
Младата медицинска сестра од Кичево не била вакцинирана
Оваа вирална објава на Фејсбук пласира лажна информација дека починатата медицинска сестра претходно била вакцинирана со две дози „Фајзер“. Од Минитерството за здравство, од Инфективната клиника во Скопје и од Општата болница во Кичево информираа дека медицинската сестра воопшто не била вакцинирана. Постот намерно ја дезинформира јавноста, создава погрешна слика за ефикасноста на вакцините и ги наведува луѓето да не се вакцинираат.
Злоупотреба на Нирнбершкиот процес во антиваксерска кампања
Постот ги извртува и фалсификува историските факти. Со Нирнбершкиот процес не се одлучило дека „давањето на лекови против волјата на субјектот ќе се третира како злосторство против човештвото“. Не постои паралела помеѓу Нирнбершкиот процес и пандемијата од коронавирусот, ниту со вакцинацијата против ковид-19. Оваа фабрикувана објава ја манипулира јавноста преку споредувањето на судењето на нацистите од Втората светска војна и сегашната борба против епидемијата на коронавирусот.
Не е точно тврдењето дека ниедна телевизија не објавила за протестот против ковид мерките
Фејсбук пост тврди дека ниедна телевизија не известила за протестот што во недела (15. август 2021) се одржа во центарот на Скопје, како и во неколку други градови. „Срам за нивната (на медиумите н.з.) објективност“, пишува во постот кој има педесетина коментари и 11 споделувања. Во коментарите продолжуваат нападите, а еден од коментарите гласи: „Тие се платени ковид портали за перење на мозокот на луѓето…работат за сатаната “.