Skip to main content

Авг 5, 2021

На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки  за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален  и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19.


Авг 4, 2021

Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин.


Авг 4, 2021

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен.


Авг 4, 2021

Анализираме пост на Фејсбук, еден од низата со теории на заговор дека во вакцините против ковид-19 има чип, што се внесува во телото на оние кои ќе се вакцинираат. Ако досега ваквите тврдења беа наменети за мРНА вакцините, во овој пост на удар е руската вакцина Спутник.


Авг 4, 2021

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со тежок тек на болеста. Во постот е изнесена и невистинита информација дека ваксерите ги изложуваат оние кои не сакаат да се вакцинираат на ,,опасност од смртен мутиран вирус инјектиран во нив преку вакцините, а хронично болните на сигурна смрт”.


Авг 4, 2021

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението.


Авг 4, 2021

Монтирaно и извадено од контекст е видеото во кое се споделува лажен наратив дека Бил Гејтс спроведува масовна вакцинација со цел да го намали бројот на живи луѓе во светот. Вакцините, напротив, ги спасуваат животите на луѓето и доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да има вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен слободно да циркулира и да одзема животи.


Авг 4, 2021

Вакцината не претставува смртна опасност, ниту пак, докторите ги трујат граѓаните, како што дезинформира постот. Досега во Северна Македонија нема пријави за смртни случаи од ковид вакцина. Од Агенцијата за лекови и медицински средства во земјава (МАЛМЕД) објаснуваат дека досега пријавените несакани реакции од вакцините не отстапуваат од опишаните во упатствата за употреба и дека не е пристигната ниту една пријава за смртен исход како несакана реакција од вакцина. Најчесто се работи за лесна симптомалогија, како болка, оток и црвенило на местото на апликацијата на вакцината, покачена температура, малаксаност, главоболка, болка во мускулите. Досегашните студии покажуваат дека вакцините се ефикасни во спречувањето на ковид болеста, особено штитат од посериозни заболувања и смртни исходи, а колективниот имунитет е многу значаен за да се сопре појавата на нови соеви и мутации.