Skip to main content

Мај 25, 2022
Проверка на факти
Не е реткост на социјалните мрежи да се шират наративи за вакцините против ковид-19, кои не само што ја поткопуваат довербата за нивната ефикасност, туку содржат и теории на заговор, односно недокажани, непоткрепени тврдења, според кои една мала група „злобници“ сакаат да го уништат преостанатиот дел од светот. А, сето тоа заради профит на големите фармацевтски компании, но и за реализација на наводниот план за намалување на светската популација. Многу често во овие заговорнички теории против вакцинацијата, се прави разлика меѓу вакцините што потекнуваат од Западот и тие што доаѓаат од Русија.

Мај 25, 2022
Проверка на факти
Видеото споделено во постот што го рецензираме не е од „мистериозен пилот“, туку претставува секвенца од видеоигра „Digital Combat Simulator World“. Портпаролот на компанијата издавач за „Ројтерс“ потврди дека материјалот е навистина од видеоиграта.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото кое кружи на Интернет е старо седум години и не е поврзано со руската инвазија на Украина.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Поранешната мис на Украина, Анастасија Лена на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со автоматска пушка, но тоа не значи дека таа се приклучила на украинската армија. Анастасија Лена објавила фотографии на својот инстаграм профил само за да ги инспирира своите сонародници. „Јас не сум војник, само жена, само обичен човек како и сите луѓе во мојата земја“, напиша таа на Инстаграм.

Мај 23, 2022
Македонски банки
Од Народна банка за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“ и нагласуваат дека „солвентноста на македонските банки, во никој случај не е доведена во прашање“. Во однос на инфлацијата, од Народна банка велат дека истата е над првичните проекции и изнесува 6,7 отсто во јануари. Но, оттаму напоменуват дека ова е умерена инфлација, а не галопирачка. Она што е важно да се нагласи и да се направи разлика во јавноста е дека инфлацијата не е и девалвација. Одговорно тврдиме дека денарот е и ќе остане стабилен, велат од НБРСМ.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Идејата дека САД и НАТО ја поттикнуваат кризата меѓу Русија и Украина секојдневно извира од пропагандната машинерија на Кремљ. Фактите, пак, говорат дека западните лидери уште во декември минатата година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. Кон крајот на 2021 година, Русија почна да распоредува голем број војници на границите на Украина. Потоа Путин го укина мировниот договор од 2015 година за истокот и ги призна областите под контрола на бунтовниците како независни. Па, иако постојано негираше дека ќе нападне, сепак Русија рано утрото на 24 февруари изврши инвазија врз Украина.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Овој заклучок, за кој е неизвесно како е донесен и за кој нема никаква реална поткрепа со докази, е сензационалистички и претставува најгрубо ширење на ксенофобија и нетолерантност. Објава со ваков наслов има антимигрантска реторика и поттикнува нетрпеливост на етничка и на верска основа. Притоа, во самата објава не пишува апсолутно ништо од тоа што се тврди во насловот, ниту пак има било каква потврда дека Албанците навистина се во страв.

Мај 23, 2022
Проверка на факти
Не е вистина тврдењето во постот дека насловната страница на „Де Морген“ е лажна. Не е точно дека станува збор за лажна вест, лажна фотографија и лажни „уметници“ од трансатлантскиот печат. Станува збор за реални фотографии направени истиот ден кога Русија ја почна инвазијата над Украина и кога беше погодена резидентна зграда во Украина каде што наставничката била жител. Би Би Си дополнително го потврди ова со проверка на фотографиите, за кои утврди дека се снимени на 24 февруари 2022 година, а не во 2018 година.