Ковид не е ни игра, ни план за депопулација
Не е вистина дека ковид е план за депопулација, туку во прашање е пандемија предизвикана од коронавирусот со којашто се соочи целиот свет. Пандемијата, иако насекде во светот одзема бројни животи од различни возрасни групи, сепак не успеа да ја намали светската популација, која од година во година расте. Во 2021 година, една година откако почна пандемијата со коронавирусот, според Ворлдометерс светската популација е повисока од онаа во 2019 година. Во 2021 година во светот има 7.9 милијарди луѓе, наспроти 7,7 милијарди во 2019 година.
Невистина е дека Данска ќе го води ковид „како обичен грип”
Целосна дезинформација е дека Данска ќе ги укине рестриктивните мерки затоа што ковид-19 ќе го смета како грип. Голем дел од мерките се олабавуваат поради високото ниво на вакцинирано население од 71 отсто.
Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира
Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун. Придобивките од вакцините се гледаат од бројот на хоспитализираните и починати меѓу вакцинираните.
Дезинформации за присилна вакцинација и измислици за наводно труење на ученици
Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12 години засега не се препорачува ниту една вакцина против ковид-19.
Лаги, лаги и лаги дека ковид 19 е измама
Рецензираме објава на Фејсбук во која е изнесена теорија на заговор. Во постот се тврди дека ковид е измама и глобален координиран напад со цел да се уништи светската економија, да се воведе светска дигитална валута, присилно вакцинирање, идентификација со микрочипови.
Лекарите не се масони, секташи и не извршуваат масовни убиства
Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот број на новозаразени пациенти.