Skip to main content

Авг 3, 2021

Тврдењето изнесено во постот што се споделува на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, е невистинито.


Авг 3, 2021

Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто  на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека бил погрешно интерпретиран.


Авг 3, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени дезинформации за тоа кои услови треба да бидат исполнети за да се работи за вистинска пандемија. Во постот се тврди:


Авг 3, 2021

Спајк протеинот, кој се создава во организмот на вакцинирано лице, воопшто не е истиот како спајк протеинот на коронавирусот, а дури и кога би бил, тој по вакцината е во количество 100 илјади пати помало отколку она потребно да направи штета! Не постои шанса ни начин ковид-19 вакцинираната личност да ја ,,шири вакцината”, изјавија од Центарот за контрола и превенција на болести во одговор за „Ројтерс“. Вакцините не содржат метали и не е точно дека спајк протеинот е магнетизирачки. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.


Авг 3, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.


Авг 2, 2021

Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења.


Авг 2, 2021

Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус.


Авг 2, 2021


Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“.