Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!
Објавата освен што дезинформира, таа е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена! Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до вакцината, не е потребно никакво детоксифицирање од неа, затоа што во случај на мРНК вакцина, телото ја распаѓа мРНК и ја чисти од него.
Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост
Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту во препораките на Светската здравствена организација (СЗО), ни во препораките на Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Овој податок не е добиен ниту со некое истражување направено од релевантна медицинска институција. Вакви и слични објави коишто тврдат дека вакцините предизвикуваат стерилитет, се само еден од начините на кои антиваксерските движења се обидуваат, преку лажни информации и со заплашување, да ги убедат граѓаните да не се вакцинираат.
Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати
Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи.
Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните не го шират вирусот, па затоа се предлага тие (вакцинираните) да се изолираат од општеството. Нелогичното тврдење му е атрибуирано на професор по инфективни болести од Франција, Кристијан Пероне.
Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините
Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000, а тоа потенцијално може да погоди 700.000 луѓе. Никогаш не кажал дека нусефектите ќе бидат фатални, како што се наведува во објавата, која ја подгрева антиваксерската кампања и може да има негативно влијание врз процесот на вакцинација.
Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин
Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно зашто содржи полувистини, невистини и извртувања.
Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат
Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“.
Видеоматеријал на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот во вакцината е опасен и предизвикува смрт
Tврдењата за опасноста на спајк протеинот и неговата поврзаност со вакцината, изнесени во видеоматеријалот што се споделува во оваа објава, ги оценуваме како невистинити. Голем број медицински извори укажуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и истиот е во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор. Во објавата погрешно се интерпретира научна студија. Според коавторот на студијата, присуството на минорни количества спајк протеин не значи дека мРНК вакцините имаат потенцијал да предизвикаат сериозна штета.