Skip to main content

Авг 25, 2021

Информацијата дека најмногу од пациентите примени на Инфективната клиника се со примени две дози вакцина, експресно ја демантираше Министерството за здравство. ТВ 24 која ја објави (дез)информацијата го пренесе демантот, посочувајќи дека била направена ненамерна грешка и ја повлече веста. Но и покрај тоа, оваа објава на Фејсбук го користи ваквиот пропуст на телевизијата и продолжува да ја шири неточната информација за да му наштети на процесот на имунизација.


Авг 25, 2021

Оваа вирална објава на Фејсбук пласира лажна информација дека починатата медицинска сестра претходно била вакцинирана со две дози „Фајзер“. Од Минитерството за здравство, од Инфективната клиника во Скопје и од Општата болница во Кичево информираа дека медицинската сестра воопшто не била вакцинирана. Постот намерно ја дезинформира јавноста, создава погрешна слика за ефикасноста на вакцините и ги наведува луѓето да не се вакцинираат.


Авг 25, 2021

Постот ги извртува и фалсификува историските факти. Со Нирнбершкиот процес не се одлучило дека „давањето на лекови против волјата на субјектот ќе се третира како злосторство против човештвото“. Не постои паралела помеѓу Нирнбершкиот процес и пандемијата од коронавирусот, ниту со вакцинацијата против ковид-19. Оваа фабрикувана објава ја манипулира јавноста преку споредувањето на судењето на нацистите од Втората светска војна и сегашната борба против епидемијата на коронавирусот.


Авг 25, 2021

Фејсбук пост тврди дека ниедна телевизија не известила за протестот што во недела (15. август 2021) се одржа во центарот на Скопје, како и во неколку други градови. „Срам за нивната (на медиумите н.з.) објективност“, пишува во постот кој има педесетина коментари и 11 споделувања. Во коментарите продолжуваат нападите, а еден од коментарите гласи: „Тие се платени ковид портали за перење на мозокот на луѓето…работат за сатаната “.


Авг 23, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека тестот за детекција на коронавирусот излегува позитивен на вода. Како обид за докажување на таквото манипулативно тврдење презентиран е видео материјал, во кој лица кои личат на медицински персонал од лабораторија, а кои зборуваат на шпански јазик, го спроведуваат тестот со пет капки вода, кои што ги точат од обична чешма. Откако ќе се погледне видеото, се гледа и дека втората линија на тестот, која што треба да означува позитивен тест, се појавува, бледо, но, сепак, постои. Од ова, авторката на постот заклучува дека тестот е ,,позитивен на вода”.


Авг 23, 2021

Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја потенцираат нивната ефикасност, особено сега кога има масовно ширење на делта варијантата. Полард само предупредува дека вакцинираните може да бидат заразени со делта сојот со благи симтоми и да го шират вирусот, заради што на удар се токму невакцинираните и дека тоа е причината зашто не може да се постигне колективен имунитет.


Авг 23, 2021

На ,,Фејсбук“ се споделува пост којшто ја дезинформира јавноста дека со вакцинацијата против ковид-19 се вбризгува метален прав и со помош на 5Г мрежата се потикнува нов ковид бран. Во составот на вакцините против ковид нема метали. Пандемијата со ковид-19 ниту е причинета од 5Г мрежата, ниту, пак, има каква било поврзаност меѓу вирусот и оваа мобилна технологија. Иако, оваа информација  ја потврдија сите релевантни институции, вклучително и СЗО, сепак и понатаму низ социјалнтие мрежи се шират лажни вести и теории на заговор кои ја доведуваат во заблуда јавноста дека 5Г технологијата е причината за пандемијата со коронавирусот.


Авг 23, 2021

Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.