Skip to main content

Јул 28, 2021

Со вакцината на луѓето не им се инјектира отров

На луѓето со вакцинацијата не им се инјектира отров, затоа што спајк протенот по вакцинацијата не е ист со виралниот и се содржи во исклучително мали дози кои брзо по вакцинацијата се чистат од телото.


Јул 28, 2021

Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација


Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра.


Јул 28, 2021

Студија, позната со месеци, претставена како ,,доверлив документ”

Јапонската студија, што е предмет на нашиот интерес од постот што го рецензираме, веќе наголемо е злоупотребувана од антивакциналните кругови ширум светот.


Јул 28, 2021

Ајнштајн не рекол дека некој е ,,стока” ако му е понудено нешто бесплатно


Рецензираме пост на Фејсбук за процесот на вакцинацијата, што во земјава се спроведува против ковид пандемијата, во обид да се постигне колективен имунитет, а во контекст на се поактуелната и крајно заразната делта варијанта на вирусот.


Јул 28, 2021

Вакцината на Фајзер-Бионтек не прави проблем на јајниците и плодноста

Објава на Фејсбук погрешно претставува истражување од Јапонија, по што се вади заклучок дека вакцината на Фајзер-Бионтек влијае на создавање негативни ефекти врз човековиот организам.

 


Јул 28, 2021

Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост


Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго освен уште една антиваксерска дезинформација.


Јул 28, 2021

Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози


Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликаци од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон.


Јул 28, 2021

Опасни вируси претставени како подметнати отрови од фармацевтските компании


Коронавирусот не е отров, како што се тврди во постот. СЗО соопшти дека новиот коронавирус е идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Невистинито е и тврдењето дека автоимуните заболувања се добиваат од вакцините. Автоимуните реакции се резултат на ковид-19, а не на вакцината. Не е точно и дека шпанскиот грип, еболата, ХИВ вирусот, коронавирусот, ХПВ вирусот, свинскиот грип и птичјиот грип се циркус создаден од фармацевтските компании. Тие болести и вируси постојат. На пример, шпанскиот грип, е предизвикан од вирусот H1N1. Иако, не е утврдено од каде потекнува, се проширил глобално во 1918-1919 година.