Со мРНА вакцината нема да се променат нашите природни биолошки тела
Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека вакцината против ковид (мРНА вакцината на Модерна поконкретно) е оперативен систем, кој може да ја програмира вашата ДНК, а со тоа и самите луѓе.
Ковид пасошите не се планирани 7 месеци пред да избие пандемијата во Вухан
Во пост објавен на Фејсбук, се тврди дека ковид пасошите биле планирани 7 месеци пред да избие пандемијата во Вухан. За оваа дезинформација да се направи поуверлива за читателот се инсинуира дека ова тврдење е поткрепено со „документи“.
Дезинформација е дека во вакцината има магнетни микрочипови
Вакцините не содржат микрочипови. Целата драма со наводни микрочипови, преку кои, наводно, населението ќе биде следено, нема врска со реалноста.
Не, во вакцините нема чип со кој се следи каде сте во реално време
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој што има придружен видео материјал. Во овој видео материјал, лице кое е претставено како руски хакер, објаснува дека на дарк веб, односно делот на интернет преку кој глвно се вршат нелегални активности и кој е надвор од досегот на пребарувачите како Гугл, Бинг и другите, нашол дата база на вакцинираните Руси со Спутник В вакцината.
Индонезиски пример како лажна слика на успешна борба со ковид-19
Оваа земја не е пример за вакцинирање на населението и од нејзината стварност не може да се градат оптимистички визури, макар и врзани за кинеските вакцини. Таа, според последните проценки ќе може да има задоволително ваккцинирање за 10 години!
Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија
Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Но, претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој го открил истото. Американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19.
Не е точно дека сите жени кои биле дел од клиничките испитувања за вакцината на „Фајзер“ доживеале спонтан абортус
Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Вакви абортуси со дадената стапка во светот се случувале и пред да постои вакцина против ковид-19.
Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните
Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не се споменува носење на некакви ленти. При пребарување на Интернет може да се најде дека ленти во различна боја се носат за да се разликуваат вакцинирани и невакцинирани со негативни тестови, но на популарните Божиќни базари.