Skip to main content

Авг 23, 2021

Во документот линкуван во постот се изнесени четири хипотетички сценарија за иднината на пандемијата со коронавирусот кои се однесуваат на самиот вирус. Во првото сценарио се споменува бројката што се посочува во постот, но пишува дека ова хипотетичко сценарио би се случило како резултат на нова мутација на коронавирусот, а не на вакцината, како што лажно се тврди во оваа објава на Фејсбук.


Авг 23, 2021

Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред жртвите од последици на коронавирусот.


Авг 23, 2021

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени ,,жолти картони”, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да се напомене дека  сомнежите за несакани ефекти опишани во овој извештај не се интерпретираат како докажани несакани ефекти од ковид-19 вакцинатa. Но, токму овие информации во постот се испуштени, со што јавноста е лажно информирана дека смртните случаи кои настанале по вакцинација се директна последица на вакцината.


Авг 7, 2021

Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало растојание од два метра, колку што е потребно со цел да се избегне пренос на коронавирусот.  Нетанјаху самиот ја демантирал веста за тоа дека наводно бил за чипирање на децата, откако истата ја објавил веб-порталот „Инет“, пренесе „Јерусалим Пост“. Израел нема воведено чипирање на децата, ниту, пак, се подготвува за такво нешто.


Авг 7, 2021

Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините, кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. Како што може да се види, графен оксид никако не е дел од составот на вакцините.


Ное 9, 2021

Видеото е нејасно и нема информации кога и каде е направена снимката, за кој пациент станува збор. Нема никакви факти кои би го поткрепиле тврдењето дека лицето чиишто бели дробови се на снимката е вакцинирано против ковид-19 и дека се најдени траги од графен оксид. Вакцините против ковид-19 не содржат графен оксид, составот на вакцините е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк.


Авг 7, 2021

Постот шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за да се создаде колективен имунитет, односно да се спречи преносот на коронавирусот од еден на друг човек.


Ное 8, 2021

Во постот што се шири на Фејсбук, а кој се повикува на текст објвен на сајтот „Тhe Conservative Beaver“, се тврди дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во Њујорк. Написот е објавен истиот ден кога директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла даде две интервјуа за проминентни и сериозни американски медиуми како „Си Ен Ен“ и „Си Ен Би Си“. На сајтот „Тhe Conservative Beaver“ може да се прочитаат мноштво некредибилни и невистинити приказни во кои секогаш се инволвирани луѓе од висок калибар за да се предизвика што поголемо внимание.