Skip to main content

Јан 22, 2022

Не е точно дека наскоро ќе биде стопирана вакцинацијата во целиот свет

Тековните соопштенија на светските здравствени регулатори не сугерираат на никакво отстранување или намалување на употребата на вакцините против ковид-19. Од видеото прикажано во текстот не може да се верификува ниту идентитетот на лицата кои зборуваат, ниту адресата од која доаѓа повикот. Вакви видеа може лесно да се исфабрикуваат со постоечките програми за видео и аудио монтажа, иако не може да се тврди дека тоа е сторено. Дури и доколку некој медицински работник има антивакцинален став, тоа е негов личен, а не како што кажува лицето кое е снимано во видеото, дека  се во прашање „ медицински причини“. Современата медицина и понатаму останува на страната на вакцините како заштита од ковид-19, односно од хоспитализации и тешка форма на болеста.


Дек 17, 2021

Не е точно дека омикрон е производ на вакцинацијата

Научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од овој вирус. Научната јавност е децидна дека најважниот фактор што го зголемува ризикот од мутации е ширењето на вирусот. Колку вирусот повеќе се шири на одредено место, толку е поголема веројатноста за уникатна мутација. Имено, варијантите на вирусите не се појавуваат поради тоа што луѓето се вакцинираат. Напротив, масовната вакцинација може да ги спречи варијантите. Според директорот за итни ситуации на СЗО, д-р Мајк Рајан, нема знаци дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон, поуспешно ќе ги избегнува вакцините од другите соеви.


Фев 22, 2022

Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина,  резултат од ПЦР тест и ништо повеќе.


Јан 22, 2022

Ковид-19 и грип не се исти болести

Грипот и ковид-19 се две заразни респираторни заболувања, тие се предизвикани од различни вируси, предизвикуваат различни компликации, имаат различни нивоа на сериозност како и различни нивоа на смртност. Грипот се појавува сезонски односно почнува наесен, а завршува напролет со тоа што во зимските месеци се забележуваат најмногу случаи. Коронавирусот досега имаше повеќе пикови, коишто немаат апсолутно никаква врска со временските услови. Аргумент којшто е надвор од секоја логика е дека бројот на заболени расте затоа што е зима и дека тоа потврдува дека станува збор за грип. Да, зима е кај нас како и на целата Северна полутопка, но не е зима на Јужната полутопка каде што, исто така, и има голем број на секојдневни заболувања со коронавирусот.


Дек 16, 2021

Омикрон не ги заразува исклучиво вакцинираните

Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се заразиле надвор од САД. А како што знаеме, за да се патува, човек мора да биде вакциниран со две дози, бидејќи такви се барањата на повеќе држави. Оттаму, да се каже дека само вакцинираните се предмет на зараза со омикрон е погрешно и од причина што разгледаниот примерок од 43 пациенти, не само што е мал, туку е и составен од граѓани кои морале да бидат вакцинирани за воопшто да патуваат!


Фев 20, 2022

Нема докази дека вакцината предизвикува спонтан абортус, смрт и дека го менува генетскиот код

Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Во врска со тврдењето дека вакцината е генетска, од досега презентираните официјални факти, познато е дека вакцините против ковид-19 не се генетска терапија затоа што тие не се дизајнирани да ги променат вашите гени.


Јан 21, 2022

Лага е дека политичари и фармацевтски гиганти од „Фајзер“ се осудени на доживотен затвор

Не само што директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, не е осуден за никакви злосторства врз човештвото, туку и во времето на наводната пресуда која никогаш не се случила, всушност станува добитник на престижната „Генезис“ награда за неговите напори во развојот на ковид вакцината. Наградата е 1 милион долари и се дава секоја година на лице за неговите професионални достигнувања, придонеси кон човештвото и посветеност кон еврејските вредности.


Дек 16, 2021

Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од страна на организацијата.