Skip to main content

Авг 7, 2021

Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само го објавила трудот во кој се говори за еднодецениското работење на Здравствената мрежа на југоисточна Европа, а во кој Караџовски е претставник на Институтот за јавно здравје.


Авг 7, 2021

Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања.


Авг 7, 2021

Објава на Фејсбук опасно дезинформира дека делта варијантата не постои и дека вакцината е штетна. Според Светската здравствена организација, делта варијантата на коронавирусот е официјално идентификувана во 124 земји. Здравствените авторитети постојано укажуваат дека бенефитите од ковид вакцината се поголеми отколку ризиците од неа. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува хоспитализации и смртност.


Авг 7, 2021

Постот што ги рецензираме изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуват на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес и општото здравје на населението, а вакцините се овластени за итна употреба и ги имаат поминато сите фази на клинички испитувања, кои ги оценуваат како безбедни и ефикасни против сериозни последици на корона вирусот.


Авг 7, 2021

Во оваа многу вирална објава со над 1.000 споделувања, преку 6.000 реакции и стотици коментари, се нуди наводен лек за чистење на белите дробови. Но, корисниците на социјалните мрежи треба да бидат многу внимателни, затоа што ова не е лиценциран лек и не може како таков да се продава. Сите кои имаат проблеми за коишто се тврди во објавата дека овој сируп ги решава, треба да се консултираат со лекар или специјалист за такви болести. Особено затоа што се тврди дека овој препарат лекува и рак на белите дробови, што е многу сериозна и тешка дијагноза која бара стручно медицинско мислење и надзор.


Авг 5, 2021

Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно која е врската меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој, пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“. Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава намерно креира ваков опасен линк, заплашувајќи ги луѓето дека вакцината е отров и убива. Со тоа прави огромна штета по јавното здравје во ситуација кога сите здравствени авторитети повикуваат на масовна имунизација за што поскоро да стекнеме колективен имунитет на коронавирусот.


Авг 5, 2021

Наспроти измислицата искажана во постот, дека мукормикозата е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто ги доведува во корелација оваа состојба и тестирањето за ковид-19. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу мукормикозата и ковид-19, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза.


Авг 5, 2021

Податоците за нови случаи на коронавирус од само еден ден не може да се толкуваат како тренд за зголемување на бројот на заразени. Дополнително, во текстот не постои ниеден извор којшто тврди дека итно мора да се преземат мерки. Истиот ден кога е објавен текстот, министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите не најави заострување на мерките.