Skip to main content

Авг 4, 2021

 

Постот што се споделува на Фејсбук е мaнипулативен и невистинит. Варијантите на ковид: ета, јота, капа и ламбда, се веќе детектирани и се предмет на интерес на СЗО. Но, наспроти тоа што го говорат фактите, оваа објава манипулира дека тие допрва ќе бидат сукцесивно објавувани во медиумите, наводно, како план за замајување на јавноста и одржување на вештачки притисок.


Авг 4, 2021

Оваа објава се повикува на антиваксерот Виктор Колман и ја дезинформира јавноста дека вакцинираните ќе почнат да умираат наесен, како и дека се заштитени само од првичната мутација на коронавирусот. Наспроти дезинформациите на Колман, според Центарот за контрола и превенција на болести од САД (ЦДЦ), ковид вакцините се безбедни и ефикасни и може да го спречат ширењето на коронавирусот. Истовремено се наведува дека тие што се вакцинирани, дури и да се заразат со коронавирусот, нема да имаат тешка клиничка слика и нема да бидат хоспитализирани во толку голем обем, споредено со проблемите со кои би се соочиле кога не би биле вакцинирани. Исто така, се посочува дека самите вакцини не можат никого да разболат од ковид-19.


Фев 22, 2022

Еднодневна статистика за 28 починати од кои 17 биле вакцинирани со две дози (не со три), не е релевантна за да се даде генерална оценка дека вакцината не дава заштита од смртност од над 95 проценти. Претседателот на комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, изјави дека комисијата ја анализирала смртноста и анализите упатувале на тоа дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или примиле две дози пред повеќе од шест месеци.


Авг 4, 2021

Карантинот на антиваксерите, што се предлага во овој пост на Фејсбук, нема да го реши проблемот, ниту, пак, со применување на ваков тип на мерка целосно ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Вирусот ни доаѓа однадвор. Па, дури и да се направи тринеделен карантин за невакцинираните од 1 септември до 21 септември, како што се бара во објавата, на 22 септември може во државата да влезе некој од странство и да зарази невакцинирани лица. Освен невакцнинираните, може да се заразат и оние кои се целосно имунизирани, иако во многу мал процент. Сите вакцини, одобрени од СЗО, штитат од тешки форми на болеста, хоспитализација и смртни последици, но ниту една од вакцините не нуди 100 проценти заштита од разболување.


Авг 4, 2021

Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека вакцината за децата нема да биде задолжителна. Родителите се тие кои одлучуваат дали ќе ги вакцинираат децата против ковид -19, или не.


Авг 4, 2021

Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се  0.018 % од популацијата. Австралија има  речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот на заболени со ковид-19, кој изнесува околу 31.000, излегува дека процентот на заразени е 0,12, а не 0,018.


Авг 4, 2021

Заложба за неносење маски и порака да не се вакцинирате зашто сето тоа било дел од операција за контрола врз луѓето преку уништување на средната класа – се главните елементи преку кои во статус на Фејсбук се шират дезинформации поврзани со пандемијата.


Авг 4, 2021

Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири страв и паника, нарекувајќи ја вакцинацијата „експериментирање од страна на  лажговци, тендераши“, а за граѓаните кои ги вакцинираат своите деца  се вели „не заслужуваат ни да имаат деца“ . Наспроти ова, непобитен научен факт е дека  вакцините го спасуваат животот и спречуваат ширење на болести. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19, а ефикасноста и безбедноста на вакцините секојдневносе потврдува со нови научни студии.