Видеото од овој војник падобранец кое има над 20 милиони прегледи на социјалната мрежа „Тик Ток“, не е снимено годинава, при руската инвазија над Украина. Репортерот на „Ен-Би-Си Њуз“, Бен Колинс, кој се занимава со разоткривање дезинформации, пишува дека ова видео е старо. Истото во 2015 година во август е објавено на Инстаграм.
Видеото не е вистинско, туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија. Авторот на видеото има над 90 илјади претплатници на Јутјуб, а за странски проверувачи изјавил дека не станува збор за видео од Украина, туку за анимација што самиот ја направил.
танува збор за видео кое што Асошиејтед Прес го има објавено на својот Јутјуб канал уште на 19 март 2011 година, а потекнува од Бенгази, Либија. Насловот на тоа видео е „Авион соборен од либиски бунтовници“.
Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток, а истото го има и на Фејсбук, споделено на страницата „Made in Russia“ на 18 септември 2016 година.
Рецензираме Фејсбук пост во којшто е споделена вест од порталот „МКД Прес“, а во којашто се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е во Украина.
Mакедонската авијација воопшто, во своите редови, не поседува авиони кои се во возна состојба, за да можат да прават прелети. На официјалната страница на Армијата пишува дека „во состав на единицата има два воздухоплова од типот Ан-2 и Злин 143Л кои моментално се неоперативни, поради немање на резервни делови и документација за пловидбеност“.
Дел од насловите во медиумите каде што се тврди дека украинскиот претседател Зеленски изјавил „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ се неточни, односно тоа е нешто што Зеленски го нема изјавено во својот говор.
„Вистиномер“ го прегледа говорот на рускиот претседател, Владимир Путин од 24.02.2022 г., објавен на официјалната страница на Кремљ, и во него тој во никаков контекст не ги спомнува македонскиот и српскиот претседател.