Вакцината против ковид-19 не содржи крв од деца
Неточно е тврдењето во постот дека изумителите на вакцините признале оти составен дел на вакцините е крвта од деца.
Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање
Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен.
Манипулација е дека делта сојот не им може ништо на одредени луѓе
Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен.
Вакцинираните наставници нема да ги „контаминираат“ учениците
Вакцинацијата за децата не е задолжителна, туку опциона, а вакцинираните наставници не можат да ги загрозат нивните ученици, односно да ги контаминираат, како што се тврди во постот, ниту на друг начин некому негативно да му повлијаат на здравјето. Спајк протеинот што се создава по вакцинацијата не е ист со тој на коронавирусот и е во 100 илјади пати помала количина од онаа што е потребна да предизвика штета.
Пациентот хоспитализиран со делта сој во велешката болница, не е држен насила
Делта сојот е потврден кај пациентот кој е хоспитализиран во велешката болница, а тој самиот се пријавил на лекување и таму останува до негативизирање на неговиот тест. Тој не е здрав и не се држи со сила во болница, како што невистинито се тврди во постот. Напротив, секој пациент повозрасен од 18 години има право да го напушти болничкото лекување, доколку потпише таква изјава на сопствена одговорност. Исто така, не е вистина дека вакцинацијата е измама. Таа, според огромен број медицински експерти, ќе доведе до колективен имунитет и ќе спречи смрт и тешка форма на ковид дури и доколку вакцинираниот се зарази со вирусот.
Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата
Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после долг временски период на живот за децата во карантини, со ограничени социјални контакти, без да одат во градинка.
Нема докази дека вакцините против ковид-19 влијаат врз плодноста кај мажите или жените
Не е докажано дека ковид-19 вакцините влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, односно врз плодноста ниту кај мажите ниту кај жените.
Стара дезинформација преку ново видео искористена за потценување на ковид-19
Стара дезинформација од лани од август во американското општество, преку, веројатно, ново видео, е исползувана од корисник на Фејсбук профил на македонски јазик да се потцени опасноста од пандемијата со корона вирусот, со што се залажува јавноста дека не постоела пандемија со ковид или дека таа била безначајна.