Skip to main content

Јан 17, 2022

Омикрон варијантата на коронавирусот не означува команда за срцев удар

Методата искористена во постот што го рецензираме, да се земат првичните букви од два неповрзани поими (OMI и Cron) и базирано на нивните дефиниции да се тврди дека ќе добиете срцев удар, бидејќи сте вакцинирани, е во најмала рака манипулативна и без темел во реалноста. Светската здравствена организација почна да ги именува новите варијанти на ковид-19 според буквите од грчката азбука, за да избегне создавање јавна конфузија и стигма на некои држави. СЗО ги прескокна двете букви пред омикрон – „Nu” и „Xi”, што доведе до шпекулации дека за „Xi” причината е името на кинескиот претседател кој се вика Xi Jinping,  додека пак, „Nu” лесно може да се помеша со зборот „new“ – „нов“ на англиски.


Дек 11, 2021

Германскиот хемичар не бил убиен, бидејќи „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал од срцев удар

Германскиот хемичар Андреас Ноак не открил дека во вакцините има графен оксид, затоа што вакцините не содржат такво соединение, а тоа го потврдуваат многу светски медицински експерти, за што „Вистиномер“ досега има пишувано во неколку наврати. Докторот не бил убиен од страна на полицијата затоа што „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал како последица на срцев удар. На 29 ноември 2021 година, неговата девојка Ана објави видео во кое појасни дека Ноак не бил нападнат, туку починал од срцев удар во болница.


Фев 10, 2022

Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид.


Јан 16, 2022

Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

Во видеото паушално се тврди дека различни серии од вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти. Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани процеси и од националните влади и од интернационалните регулатори и од самиот производител.  Дополнително, ВАЕРС не смее да се користи како индикатор на смртност кај населението, или пак, како индикатор за опасност на некоја вакцина.


Дек 10, 2021

Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис

Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал број случаи на благи воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) и на срцевата обвивка (перикардитис). Во Македонија според Агенцијата за лекови МАЛМЕД, нема пријавени вакви случаи.


Фев 9, 2022

Не е точно дека невакцинираните не умираат

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани.


Јан 14, 2022

Не е вистина дека се врши присилна вакцинација и дека нè трујат

Вакцинацијата во земјава, како и секаде во светот, е бесплатна и е на доброволна основа за сите возрасни групи, кои можат да се вакцинираат. Според тоа, никој нема законска или каква било основа да присили некого да се вакцинира против ковид-19. Во екот на пандемијата со коронавирусот масовно се злоупотребува теоријата на заговор дека од авиони се фрла вирусот или дека нè прскаат со отровни хемиски супстанци кои ги предизвикуваат симптомите на ковид-19. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.


Дек 10, 2021

Инспекторите не се Гeстапо, ниту пак медиумите форсираат присилна вакцинација

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19. Уредбата на Владата, со која се пропишуваат овие мерки и потоа е дополнувана со одлуки, има законска сила. Тоа го потврдува Уставниот суд на РС Македонија, со Решение од 10.11.2021 година.