Skip to main content

Јан 14, 2022

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна.


Дек 9, 2021

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на СЗО велат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.


Фев 8, 2022

Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст на варијантата омикрон која моментално е најдоминанта.


Јан 13, 2022

Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со мутирање на вирусот при што се случува промена на спајк протеинот кој е сменет 32 пати. Ова ја прави омикрон варијантата позаразна, иако засега нема доволно информации да се каже со сигурност каква клиничка слика предизвикува.


Дек 9, 2021

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.


Фев 8, 2022

Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура – „мутации“. Единствениот начин да се идентификуваат и карактеризираат новите варијанти е со геномика. Секвенционирањето на целиот геном е важен метод за генетско карактеризирање на вирусите со кој може да се направи споредба со други циркулирачки соеви. Коронавирусот се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење, кога лицата се во близок контакт помал од еден метар. Така што, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион и од огромна височина.


Јан 13, 2022

Споделената данска студија во постот го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица, пишува во студијата.


Дек 7, 2021

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна.