Skip to main content

Авг 3, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.


Авг 2, 2021

Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења.


Авг 2, 2021

Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус.


Авг 2, 2021


Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“.


Авг 2, 2021

Во постот што го рецензираме, изнесено е скандалозно тврдење дека вакцинацијата на децата против ковид-19 претставува „планирано убиство на децата во Македонија“.


Авг 2, 2021

Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното здравје.


Авг 2, 2021

Еден профил на Фејсбук полн со опасни конспиративни теории, на граѓаните им препорачува  лек кој е опасен по здравјето. Според авторот кој стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против Ковид-19. Околу ова прашање Вистиномер разговараше со лекарот  Aдурим Фазлиу кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти можат да бидат многу сериозни по здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, ако единствен  „лек” против Ковид-19, пишува Порталб.мк.


Авг 2, 2021

Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион.