Skip to main content

Јан 6, 2022

Со вакцината не ви се менува геномот и не станувате плен на „трансхуманистичка агенда“

Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето на трансхуманизмот. Во постот кој го рецензираме се додава и дека Русија се наоѓа на историска раскрсница пред одлуката дали ќе ги прифати или не вакцините и трансхуманистичката агенда или не.


Дек 2, 2021

Трите деца не починале од вакцина против ковид, туку од труење со јаглерод моноксид

Објавено е видео на ФБ во кое се тврди дека три деца умреле од вакцина, а видеото е снимено и објавено од медиумите во Кина кога вакцини против ковид воопшто и не беа измислени.


Јан 3, 2022

Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува прогноза за идни случувања до 2000 година, кои не се остварија.


Дек 2, 2021

Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една ќеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни кеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за глупавата мерка.


Ное 29, 2021

Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два.


Ное 29, 2021

Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маскитет воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да предизвикуваат бактериски пневмонија. Од Светската здравствена организација препорачуваат носењето маска да биде нормален дел од дружењето со други луѓе. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести маските се бариера којашто спречува вашите респираторни капки да стигнат до други лица.


Ное 29, 2021

Не може да се споредува ковид вакцинацијата со „вбризгување непозната супстанца“

Составот на ковид вакцината не е непознат. На официјалната веб-страница на Министерството за здравство, kovid19vakcinacija.mk. може да се прочита составот за сите вакцини против ковид-19 кои се употребуваат кај нас. Исто така, вакцинацијата во земјава не е присилна, секој пред да се вакцинира, пополнува изјава за согласност.


Ное 27, 2021

Вакцината против ковид не е плацебо

Плацебо – физиолошки раствор од сол и вода, се користи само во клиничките испитувања, односно во раните фази, кога вакцината е во процес на испитување и тоа за да се покаже нејзината ефикасност. Не постои ниту еден доказ, дека луѓето кои примиле вакцина, примиле плацебо. Доколку вакцините беа сол и вода, а не вистински, земјава немаше да ги фрла, како што се случи со донираните 20 илјади вакцини од Бугарија, кои мораше да бидат уништени како медицински отпад зашто им помина рокот за употреба.