Шест години старо видео извадено од контекст – Бил Гејтс не зборува за вакцините, туку за ГМО културите
Видеото кое се шири на Фејсбук е од преносот на паневропската медиумска мрежа „Еуроактив” од 2015 година, во Брисел, каде Бил и Мелинда Гејтс зборуваа за нивните инвестиции во генетски модифицирани култури. Во овој пост неговата тогашна изјава е извадена од контекст и со неа се манипулира дека тој говори за употреба на ГМО во вакцините за деца, што не е вистина. Гејтс зборува за важноста на безбедносното тестирање во прифаќањето на новите технологии. Тој прави споредба меѓу безбедносниот систем за лекови и оној на генетски модифицираните култури.
Не, Кристијан Ериксен не бил вакциниран против ковид
Откако фудбалерот Кристијан Ериксен колабираше на теренот при крајот на првото полувреме на мечот против Финска, се проширија гласини дека ја примил вакцината на „Фајзер“ и дека поради тоа добил срцев удар. Веднаш после овие шпекулации кои се раширија на големо, директорот на „Интер Милан“, им кажа на репортерите дека Ериксен воопшто не бил вакциниран.
Нема докази дека британската влада користела „мидазолам“ во старските домови за да ги лажира смртните случаи од ковид-19
Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“ туку и на други лекови.
Индиската влада не спори дека постои варијантата Б.1.617 на коронавирусот
Објава на Фејсбук шири невистини дека индиската варијанта на коронавирусот не постои. Индиската влада воопшто не спори дека варијантата на ковид Б.1.617 не постои, туку реагира на тоа дека оваа варијанта на коронавирусот се иманува како ,,индиска”. Со грубото манипулирање во постот се изнесуваат неточни квалификации за научно потврдена варијанта на ковид -19 и притоа се доведува во ризик јавноста да не верува во нешто што постои, што е многу опасно и досега предизвика вистинска катастрофа во Индија.
Со вакцината на луѓето не им се инјектира отров
На луѓето со вакцинацијата не им се инјектира отров, затоа што спајк протенот по вакцинацијата не е ист со виралниот и се содржи во исклучително мали дози кои брзо по вакцинацијата се чистат од телото.
Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација
Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра.
Студија, позната со месеци, претставена како ,,доверлив документ”
Јапонската студија, што е предмет на нашиот интерес од постот што го рецензираме, веќе наголемо е злоупотребувана од антивакциналните кругови ширум светот.
Ајнштајн не рекол дека некој е ,,стока” ако му е понудено нешто бесплатно
Рецензираме пост на Фејсбук за процесот на вакцинацијата, што во земјава се спроведува против ковид пандемијата, во обид да се постигне колективен имунитет, а во контекст на се поактуелната и крајно заразната делта варијанта на вирусот.