Skip to main content

Ное 16, 2021

Во вакцината против ковид нема ебола

Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот ако ја примите вакцината против ковид-19, наречена „Џенсен“, ниту пак, доклоку примите  вакцина против ебола.


Ное 15, 2021

Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 209.277 заболени и 7.328 починати.


Ное 15, 2021

Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба

Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено на 3.11.2021 година, а за вакцината на „Астра Зенека“ е продолжено на 9.11.2021 година. На 7 мај оваа година Светската здравствена организација ја одобри вакцината на „Синофарм“, а на 1 јуни СЗО ја одобри и вакцината на „Синовак“.


Ное 12, 2021

Не е точно дека 80 отсто од вакцинираните се на интензивна нега

Последната анализа на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 4 ноември, покажува дека 72 отсто од заболените и 78 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани. Повеќе научни анализи покажуват дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Стручната јавност е децидна дека вакцинацијата треба да е што помасовна за да се постигне колективен имунитет и да се стави крај на пандемијата. Колективен имунитет се стекнува само со имунизација на поголемиот дел од населението – 70 до 90 отсто, во спротивно коронавирусот и натаму ќе се шири и ќе мутира, што, вусшност, и се случува.


Ное 12, 2021

Директорот на „Фајзер“ е целосно вакциниран уште во март оваа година

Не е точно дека директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, сега во ноември откажал службено патување во Израел, зашто не бил вакциниран. Вистината е дека Бурла на почетокот март морал да го откаже патувањето за Израел, бидејќи тогаш не бил целосно вакциниран. Во тоа време имал примено само прва доза од „Фајзер“ вакцината, а на 10 март ја примил и втората доза и тоа јавно го објавил пред медиумите и светската јавност.


Ное 12, 2021

Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на официјалната страница за вакцинација на Македонија.


Ное 12, 2021

Ковид-19 не е лага, туку опасна болест

Светската здравствена организација потврди оти вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Дека коронавирусот е специфичен и посебен, не е измислен и дека афектира луѓе, покажува и фактот што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. Според Институтот за јавно здравје, бројот на дијагностицирани од почетокот на пандемијата во земјата достигна 207.566, а починати се 7.276 лица.


Ное 11, 2021

Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи

Научната јавност е децидна дека е невозможно паразити или кое било друго живо суштество, да постојат во вакцината против ковид-19. Водата и другите течности во вакцината се прочистуваат под строги услови, што спречува какви било паразити или други живи организми во вакцината . Вирџинија Сереин, истражувач во француската лабораторија CEMES и генерален секретар на Европското здружение за микроскопија, вели дека фотографиите кои се прикажуваат во ова видео „на никаков начин не се научен доказ“.