Вакцината на Фајзер-Бионтек не прави проблем на јајниците и плодноста
Објава на Фејсбук погрешно претставува истражување од Јапонија, по што се вади заклучок дека вакцината на Фајзер-Бионтек влијае на создавање негативни ефекти врз човековиот организам.
Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост
Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго освен уште една антиваксерска дезинформација.
Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози
Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликаци од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон.
Опасни вируси претставени како подметнати отрови од фармацевтските компании
Коронавирусот не е отров, како што се тврди во постот. СЗО соопшти дека новиот коронавирус е идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Невистинито е и тврдењето дека автоимуните заболувања се добиваат од вакцините. Автоимуните реакции се резултат на ковид-19, а не на вакцината. Не е точно и дека шпанскиот грип, еболата, ХИВ вирусот, коронавирусот, ХПВ вирусот, свинскиот грип и птичјиот грип се циркус создаден од фармацевтските компании. Тие болести и вируси постојат. На пример, шпанскиот грип, е предизвикан од вирусот H1N1. Иако, не е утврдено од каде потекнува, се проширил глобално во 1918-1919 година.
Ставот на Католичката Црква не е против вакцинацијата
Со невидена леснотија е објавен пост во кој се тврди дека Исус бил против вакцините! Повод за ваквиот заклучок е видео обраќање на калуѓерка од Велика Британија која тврди дека добиле барање за молитви за 50 лица што починале од вакцини. Но католичката црква ја подржа вакцинацијата, а и Папата се вакцинираше.
Уште една „волшебно“ залепена паричка после наводна вакцина – без факти
Како печурки после дожд никнуваат измамите на профили на социјалните мрежи со наводни магнетизирачки својства што ги добиваат луѓето после вакцинацијата со анти ковид вакцините. Во оваа рецензија бележиме уште еден таков пример.
Кликбејт наслов за укинување на забраната за носење маски во Црна Гора, дезинформира во Македонија
Овој наслов што се споделува на Фејсбук претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види да помисли дека откако ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерката за неносење маска на оторено во Македонија. Но, тоа не е така. Одлуката за која се говори во написот не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со коронавирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора.
Смртта на 22 и тоа што 664 лица се заразиле во периодот на вакцинацијата не е поврзано со вакцините
На овој напис му недостига контекст, поради тоа што во насловот се наведува дека 22 лица починале, иако се вакцинирале, а 664 се заразиле, но притоа не се кажува дека примиле само 1 доза и биле во период на инкубација. Односно, веќе биле во процес на инфицирање со коронавирусот за време на примање на дозата. Тоа што овие лица починале или се разболеле не може да биде поврзано со вакцината поради нејзиниот начин на делување, бидејќи треба да се примат две дози од вакцината и да помине време после втората доза за да се создаде имунитетот, а тој временски период е различен за различни вакцини.