Skip to main content

Фев 18, 2022

Ниту Светската здравствена организација ниту Европскиот центар за контрола и превенција на болести немаат документирано болест или состојба позната како „вакцинален имунодефицитарен синдром“ (антиваксерските кругови уште го нарекуваат и ВАИДС). Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести на САД покажува дека вакцините против ковид-19 го засилуваат имуниот одговор.


Јан 20, 2022

Постот што е предмет на оваа рецензија дезинформира и создава погрешна перцепција во јавноста. На објавата ѝ недостига контекст, при што се презентираат податоци кои не се докрај објаснети. Со прикривање на важната информација – дека високата стапка на хоспитализација за лицата со две дози е повисока заради зголемувањето на приемите кај постарите од 70 години кои сè со послаб имунитет, се доведуваат во заблуда читателите дека во Шкотска невакцинираните граѓани се позаштитени од омикрон сојот, од оние кои примиле вакцина.


Дек 14, 2021

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси. Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен генетски материјал, наречен РНК, од вирусот. Нема докази дека овој тест некогаш се користи за да се идентификува ДНК на некое лице.


Фев 18, 2022

Kовид-19 постои и е изолиран во лабораторија во официјална постапка. На 7 јануари 2020 година, Кина го изолира вирусот и го идентификуваше како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со СЗО. СЗО има објавено и водич за детално користење на сите лекови кои се одобрени за третирање ковид-19, кој е редовно ажуриран. Сите лекови се подложни на клинички испитувања и не постојат никакви индиции дека се отровни.


Јан 20, 2022

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да донираат крв.


Дек 14, 2021

Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19  не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19. Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод е можно да се заразите со ковид-19, но од самиот вирус кој би предизвикал инфекција, а не од вакцината.


Фев 18, 2022

Не постои сомнеж, а уште помалку официјална потврда дека Монтение бил ликвидиран. Засега не е објавена точната причина за смртта, но повеќе од сигурно е дека тој починал откако бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Смртта настапила во време кога тој бил опкружен со своите најблиски, со што е исклучена секаква можност за ликвидација.


Јан 19, 2022

Не е вистинито тврдењето во постот дека Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот медицински регулатор, односно ЕМА.