Skip to main content

Дек 14, 2021

Наспроти тврдењата во постот, сè уште нема официјални податоци колку постоечките вакцини штитат од омикрон варијантата. Тоа го потврдија и СЗО и ЦДЦ, нагласувајќи дека се вршат анализи за овој сој на коронавирусот. Првичните сознанија за оваа варијанта се дека иако вирусот има голема преносливост, сепак, заразените имаат полесни симптоми.


Фев 12, 2022

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто од луѓето кои претходно примиле две дози АстраЗенека или Фајзер.


Јан 19, 2022

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.


Дек 13, 2021

Во текстот што се споделува на Фејсбук погрешно се чита Извештајот на „Фајзер“ за пријавени несакани реакции од вакцините аплицирани до 28 февруари 2021 година. Во Извештајот не се наведува колку вкупно вакцини се аплицирани, туку бројката од 42.086 случаи е само за пријавени негативни ефекти. Во документот се посочува дека „Фајзер“ идентификувал 42.086 извештаи за случаи на несакани настани по вакцинацијата, собрани од извештаи испратени до самиот „Фајзер“ и од националните здравствени власти ширум светот (не само во САД). Од нив, регистрирана била смрт кај 1.223 случаи. Но, ова не значи дека овие луѓе, кои примиле вакцина на „Фајзер“, починале поради вакцинацијата, како што се тврди. Ова, исто така, не значи дека од аплицирани 42.086 вакцини, починале 1.223 лица, туку дека од пријавени 42.086 несакани ефекти, 1.223 биле случаи со смртен исход.


Фев 12, 2022

Вакцинацијата не допринесува за смртноста во Северна Македонија, а за тоа има повеќе показатели. Како еден од тие показатели е фактот што смртноста во државата почна да расте уште пред воопшто да постои вакцината и земјава за првпат во 2019 година влезе во состојба на негативен природен прираст. Секојдневните статистики од Министерството за здравство покажуваат поголема смртност меѓу невакцинираното население.


Јан 18, 2022

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се сака да се обезбеди поделба на власта и немешање во извршната во судската власт.


Дек 12, 2021

Вакцината на „Фајзер“ против ковид-19 е безбедна за децата и досега не се регистрирани смртни случаи кај деца или тинејџери како последица на примена вакцина. Објавата која ја рецензираме дезинформира поради тоа што ја манипулира јавноста со извештаи од системот ВАЕРС. На објавата и недостига контекстот, т.е. важната информација од Упатството како да се толкуваат бројките од официјалниот редовен извештај на ВАЕРС.


Фев 12, 2022

Не е точно дека на лицата коишто се вакцинирани против ковид-19 им е доделен каков било број и тоа од сопствено искуство им е познато на сите кои се вакцинираа во Северна Македонија. Граѓаните кои решаваат да се вакцинираат, потпишуваат изјава со писмена согласност и не добиваат број. На нивниот вакцинален сертификат единствено се впишани бројот на серијата и производителот на вакцината, како и датумот на аплицираната доза. Што се однесува на тврдењето на свештеното лице дека за две до три години луѓето кои примиле вакцина ќе починат и ќе паѓаат на улиците, по што свештениците нема да можат да постигнат да ги закопаат, за ова тврдење нема ниту научни докази, ниту пак, е можно да се докаже. Од она што досега се знае, барем за С. Македонија, е дека од сите вакцинирани граѓани, за сомнение дека починале како резултат на вакцината пријавени се две лица во државата. Досега после овие две пријави не е утврдена причинско-последична врска меѓу вакцинацијата и смртта.