Skip to main content

Дек 10, 2021

Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал број случаи на благи воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) и на срцевата обвивка (перикардитис). Во Македонија според Агенцијата за лекови МАЛМЕД, нема пријавени вакви случаи.


Фев 9, 2022

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани.


Јан 14, 2022

Вакцинацијата во земјава, како и секаде во светот, е бесплатна и е на доброволна основа за сите возрасни групи, кои можат да се вакцинираат. Според тоа, никој нема законска или каква било основа да присили некого да се вакцинира против ковид-19. Во екот на пандемијата со коронавирусот масовно се злоупотребува теоријата на заговор дека од авиони се фрла вирусот или дека нè прскаат со отровни хемиски супстанци кои ги предизвикуваат симптомите на ковид-19. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.


Дек 10, 2021

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19. Уредбата на Владата, со која се пропишуваат овие мерки и потоа е дополнувана со одлуки, има законска сила. Тоа го потврдува Уставниот суд на РС Македонија, со Решение од 10.11.2021 година.


Фев 9, 2022

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот дека ризик за миокардитис и перикардитис постои кај млади мажи и тоа со проценета стапка од 148 случаи на милион администрирани втори дози.


Јан 14, 2022

На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејствата. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е доказ дека вакцината е причина за тоа. Тестирањето на млекото на мајките кои примиле „Фајзер“ или „Mодерна“ вакцина, не открило мРНК во нивното млеко. Синото мајчино млеко обично е знак дека млекото е со малку маснотии, слично како обезмастеното млеко.


Дек 9, 2021

Фејсбук објава без докази и извори од релевантни институции, шири невистини дека 90 проценти од починатите овој месец се вакцинирани, додека анализите на Министерството за здравство покажуваат дека 79 отсто од починатите и 69 отсто  од новозаразените во изминатите  4 месеци се токму невакцинирани лица.


Фев 9, 2022

Ниту еден од две илјади полицајци во оваа служба не дал отказ поради протестите за вакциналните мандати, изјави претседателот на полициската академија на Отава, Мет Скоф за „Асошиејтед Прес“.