Skip to main content

Фев 8, 2022

Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против ковид-19 е доброволна и се дава писмена согласност пред да се администрира на кого било во здравствените вакцинални пунктови. Теоретичарите на заговори, од почетокот на вакциналната кампања се насочени кон пласирање вакви и слични нелогичности и тези кои немаат втемеленост во реалноста. Наративот дека нов светски поредок сака да воведе доминација врз населението има за цел да се обесхрабрат  граѓаните од вакцинацијата која спасува животи, спречува тежок тек на болеста предизвикана од коронавирусот и може да спречи појава на нови поопасни соеви.


Јан 11, 2022

Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитуваат граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста.


Дек 6, 2021

Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус. Напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за коронавируси, кој претседава со одделот за биолошки науки на „Универзитетот Тексас А&М“, вели дека белите дробови се нежни, а ако пареата е многу жешка, тоа не е добра комбинација. Ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), ниту Светската здравствена организација (СЗО) не сугерираат терапија со пареа со која било состојка како лек за коронавирусот.


Фев 5, 2022

Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како да е несоборен факт, всушност е нечие лично мислење.


Јан 11, 2022

Сите научни докази говорат дека новите варијанти најмногу се шират помеѓу невакцинираните. Вирологот Фридеман Вебер од универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен е дециден дека невакцинираните лица се оние кои ја предизвикаат мутацијата на вирусот. Наспроти тврдењето во постот, научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате со коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот SARS-CoV-2.


Дек 4, 2021

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два случаи на мутации претставуваат поголема закана. Овие соеви на вирусот се нарекуваат алфа и делта. Најновиот вид наречен Омикрон, откриен неодамна, го загрижи светот поради тоа што има дури 32 различни варијанти и поради тоа се нарекува супер вирус.


Фев 3, 2022

Во видеоматеријалот прикажан во постот, како и во самата објава, се тврди дека повеќе млади починале по примена вакцина притив ковид-19. За тројца од младите луѓе прикажани на видеото е утврдено дека вакцината не била причинител на смртта, туку тоа биле други состојби, коморбидитети или околности.


Јан 11, 2022

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а втората откачен тромб.