Skip to main content

Дек 4, 2021

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално потврдено од патолозите кои ги вршеле обдукциите. Уште на 1 јули 2020 година, имаше информации од завршени обдукции на починати со ковид-19. Доколку СЗО ги забранила обдукциите, тогаш тие немаше да се изведуваат насекаде во светот, како што е случај.


Фев 2, 2022

Семејствата на починатите не одредуваат што е причината за смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а за сето ова постои комплетна документација во здравствените установи.


Јан 11, 2022

Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од коронавирусот во 2020 година – 2.503.


Дек 4, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции дека е позаразен, а уште не е познато дали предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите кои се заразиле со него.


Фев 2, 2022

Набрзо по пласирањето на веста за наводното отворање на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид како ковид центар, стигна демант од оваа јавно-здравствена институција. Оттаму демантираат дека од почетокот на наредната недела ќе отворат оддел за лекување на ковид пациенти.


Јан 7, 2022

Ниту е крај на сагата, ниту Ѓоковиќ е вратен во Србија. Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Австралија и не е депортиран, односно вратен во Србија. Тој до понеделник ќе остане во имиграцискиот хотел „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.


Дек 2, 2021

Сите официјални извори укажуваат на тоа дека Селин Дион има проблеми со мускулите, а ниту еден дека тоа е последица на вакцината против ковид-19, како што се тврди во објавата.


Фев 1, 2022

Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување на болеста. Докторите вложуваат напори за да се справат со големиот наплив на пациенти, а професионалните медиуми ги пренесуваат официјалните информации на надлежните и одговорни институции.