Skip to main content

Мај 19, 2022
Проверка на факти

Со вакцината не ви се менува геномот

На фејсбук е објавено видео од руски владика, кој, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“.

Мај 18, 2022
Борба со руски тролови

Армија од џуџиња војува против руската пропаганда

Руските „трол-фарми“ – организирани онлајн агитатори, ги идентификуваат поплаките во други земји и потоа се вметнуваат – влегуваат во тие дебати со цел да ги разгорат. Наместо да промовираат некоја политичка идеологија, професионалните руски тролови се фокусираат на разгорување на емоциите околу вжештените теми, како што се на пример, прашањата за контрола на оружјето или имиграцијата во САД, за потоа да ги спротивстават Американците против Американците. Тактиката е буквално – раздели па владеј.

Мај 13, 2022
Втор дел

Улогата на албанските партии во контекст на борбата против руското влијание

И покрај тоа што Македонија историски, но и географски е ориентирана кон евроатлантските вредности, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на чело со поранешниот премиер, сега азилант Никола Груевски, често „флертуваше“ со Русија. Соборувањето на оваа власт не одеше така лесно, го отежнаа руските агенти, кои имаа удел во организирањето на настаните од 27 април, кои пропагираа против Преспанскиот договор и гласно се противеа на членството на земјата во НАТО. И за овие настани албанските политички партии во РСМ беа на иста линија и конструктивни, пишува Порталб.мк

Мај 13, 2022
Борба против руското влијание

Улогата на албанските партии во РСМ 

Во 2001 година во Северна Македонија беа потпишани два многу важни договори за напредокот на земјата. Првиот договор (Охридскиот договор) ја спаси државата од можна катастрофа и загарантира мултиетничка и демократска држава според принципите на ЕУ. Вториот договор (Спогодбата за стабилизација и асоцијација) и даде на земјата евроатланска насока, со што се минимизираа шансите за антидемократско влијание во земјата. Албанските политички партии во РСМ беа директно вклучени во процесот на потпишување на овие договори и јасно се изјаснија за членство на земјата во ЕУ и НАТО. Додека пак, ЕУ и НАТО ја поддржаa „шарената револуција“ со која беше соборена влада блиска до Русија и Путин, пишува Порталб.мк.

Мај 6, 2022
Анализа

Војната ќе предизвика економска нестабилност

Воениот конфликт во Украина се очекува да предизвика последици врз економијата на Македонија. Последиците, пред сé, се поврзани со пречките во трговската размена со Украина, која е директна цел на воени напади, но и со Русија, против која Македонија воведе санкции и од која се очекуваат реципрочни санкции во наредниот период, пишува Порталб.мк.

Мај 6, 2022
Дезинформации на социјални мрежи

Тунева : Во воени конфликти да бидеме внимателни

Во војни и во конфликти, користењето дезинформации е уште една тактика – тогаш не војуваат само борците на терен, туку војуваат и граѓани и институции кои ја „пласираат својата вистина“ и со тоа сметаат дека ги кажале нештата такви какви што се. Меѓутоа, граѓаните секогаш треба да бидат скептични, незaвисно од каде доаѓаат тие информации, вели во интервју за „Вистиномер“ Марина Тунева, извршен директор на Советот за етика во медиумите. Според неа, еден од помоќните начини за препознавање дезинформации е скептичното и критично пристапување кон одредена содржина, да се види од каде потекнува, кој ја објавува, дали е тоа кредибилен професионален медиум или пак медиум за кој се слуша првпат.

Мај 6, 2022
Оружјето за измама на кремљ

7 работи што треба да ги знаете за РТ и Спутник

Европската унија одобри санкции против оружје за измами на Кремљ: Спутник и РТ. Нивните радиодифузни активности беа итно суспендирани во ЕУ, додека Кремљ не ја прекине агресија врз Украина и додека Русија не престане да спроведува активности на дезинформации и манипулации со информации против ЕУ и нејзините земји-членки, пишува EuvsDisinfo, пренесува Порталб.мк

Апр 30, 2022
Покрстување на киевска русија

Македонско-руски црковни односи и интереси

Врските меѓу Охрид и Русија како стари словенски центри се континуирани низ вековите, но од Руската православна црква нема некаква забележителна поддршка за Македонската православна црква. Руската православна црква ги штити интересите на Српската црква и не ја признава Македонската православна црква, велат свештениците.