Skip to main content

Ное 27, 2021

Заклучно со 22 ноември само четири земји во светот не пријавиле ниту еден случај на заболен од коронавирусот. Тоа што немаат пријавено заболени не значи дека и фактички нема ниту еден заболен во овие земји. Исто така, тоа што само четири земји не пријавиле ниту еден случај на коронавирус не значи дека вирусот не постои и дека го има само на телевизија. Целосно неодговорно е да се тврди вакво нешто кога од почетокот на пандемијата досега на глобално ниво животот го загубиле над 5 милиони луѓе. Коронавирусот е вистински, а ковид пандемијата е реална и сè уште е далеку од крајот. Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година,а Светската здравствена организација потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година.


Ное 24, 2021

Плацебо е физиолошки раствор, односно мешавина од сол и вода, која се дава во текот на клиничките испитувања на вакцините на дел од учесниците. Откако ќе биде целосно развиена, вакцината повеќе нема никаква допирна точка со плацебо. Кога ќе отидете на вакцинален пункт, може да бидете сигурни дека примате вакцина, а не солена вода во рамото. Тврдењето дека политичарите не примаат вистинска, туку плацебо ковид-19 вакцина, е невистинито, непоткрепено со аргументи и претставува теорија на заговор која ги вклучува елитите како наводно привилегирани контролирачи на ковид пандемијата.


Ное 24, 2021

Една од дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“. Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од СЗО. Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година.


Ное 24, 2021

Пратеничката Ева Марија Химелбауер на партијата ÖVP објасни што, всушност, се случило дента кога е снимена како ја става лепенката од серискиот број на вакцината во жолтиот картон за имунизација. Химелбауер е бремена и дента кога е снимена, всушност, примила вакцина против грип. „Секако, одговорната докторка оваа моја вакцинација против грип ја внесе во електронскиот сертификат за вакцинација. Дополнително, бидејќи го немав со себе мојот жолт сертификат за вакцинација, ми го даде празниот сад за вакцина, со серискиот број кој требаше да се залепи, што потоа самата го направив“, изјави Химелбауер.


Ное 23, 2021

Постот што го анализираме шири лаги во врска со сузбивањето на пандемијата на коронавирус во Јапонија и мерките за борба против истата. Не е точно дека Јапонија „става крај на лудилото со ковид-19“, така што ја напушта вакцинацијата и почнува со примена на ивермектин. Во Јапонија се спроведува масовна вакцинација на населението, а ивермектинот не е одобрен како лек во борбата против ковид-19, ниту од СЗО, ниту пак, од јапонските власти.


Ное 23, 2021

Постојат, дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е болест специфична и различна од сите други и со потврден и изолиран коронавирус. Така што, овој постот не е вистинит. Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот. А, наспроти апелот во постот да се одбиваат вакцините, тие го намалува ризикот од смртен исход од ковид-19, како и од тешки ковид компликации.


Ное 23, 2021

Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човековата крв и ја онеспособува крвта да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид не соодветствува со ова тврдење. До 4 ноември оваа година, ставени се повеќе од 245 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и ниту ФДА, ниту ЦДЦ, немаат издадено предупредување или друг извештај за потенцијални тромбови, или згрутчување на крвта предизвикано од вакцината на „Фајзер“.


Ное 19, 2021

Не е вистина дека многу малку од луѓето во Брaзил се вакцинирани. Тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“, каде што може да се прочита дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини. Целосно вакцинирана е 60 отсто од популацијата во оваа земја, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19.