Skip to main content

Ное 2, 2021
скрининг во училишта

Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

Скринингот во училиштата има за цел да покаже колкава е трансмисијата на вирусот, а не да ги убива децата, како што се тврди во постот.

Ное 2, 2021

Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен

Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“.


Ное 2, 2021

Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно  240.940.937 потврдени случаи, а бројот на починати е речиси пет милиони –  4.903.911.


Окт 20, 2021

Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив.


Окт 20, 2021

Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на „Фајзер“ е поделен и за политичарите во Македонија, тоа е целосно паушално нафрлено и непоткрепено со никакви докази.


Окт 20, 2021

Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.


Окт 20, 2021

ПЦР тестот не е канцероген по стерилизација со етилен оксид

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.


Окт 20, 2021

Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт.