Skip to main content

Ное 5, 2021
ширење лажни информации
МЗ на Србија на својата веб-страница има и дел во кој се апелира да не се шират лажни и непроверени информации на социјалните мрежи. 

Ное 5, 2021
вакцина Ковид-19
Постот неосновано шири дезинформации дека вакцината против ковид-19 била направена пред појавата на пандемијата на коронавирус.

Ное 5, 2021
Лажни вести – Ковид 19
Лажна вест е дека никој во „Фајзер“ не е вакциниран. Интервјуто на директорот е од крајот на 2020г., а постот што го рецензираме е 1 година подоцна.

Ное 4, 2021
Вакцинален пасош
Функцијата на вакциналниот пасош не е да ги контролира луѓето. Пасошите се сертификати кои покажуваат дека некој е имунизиран против ковид-19.

Ное 4, 2021

Навистина тие фудбалери кои се наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, меѓутоа, тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што дел од нив не се воопшто ни вакцинирани. Дефинитивно е неточно и дека пораснал бројот на колабирања откако е почната вакцинацијата. Колапси на теренот имало и пред тоа и ќе има и во иднина. Исто така, не е точно дека од 1997 до 2003  колабирале само десетина фудбалери, туку барем 20 за кои пронајдовме податоци дека починале по колабирањето. Колапсите кои се без смртни последици во овој период се уште побројни.


Ное 4, 2021

Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година.


Фев 25, 2022

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк.


Ное 4, 2021

Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека  вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.