Skip to main content

Проверка на факти

Со измислена изјава се велича моќта на Русија

Прашањата на меѓународната безбедност и воените теми имаат тенденција да привлечат голем интерес кај читателите, поради што често се случува одредени настани или изјави да бидат извадени од контекст и им се даваат сензационалистички бои. На овој начин, колку повеќе се кликнува на линкот, толку повеќе се зголемува рекламирањето и профитот на луѓето кои го злоупотребуваат медиумскиот простор. Во содржината која ја разгледуваме со измислена изјава се велича моќта на Русија, пишува Порталб.мк.
 |  инфодеск  | 
Моќта на Русија

Путин: Нашата ракета пристигнува за 5  минути до оние кои издаваат наредби“ е насловот на содржината што ја разгледуваме, и е објавена на 2 декември 2021 година на порталот „Директно“, а дистрибуирана на „Фејсбук“ на 27 јануари 2022 година од страницата „Дијаспора Заедно“.

На прв поглед бомбастичниот наслов и драматичните фотографии се главните елементи за привлекување внимание, сепак тоа е непрофесионален медиумски производ. Во текстот што го рецензираме го нема името на авторот кој работел на оваа „вест“ и тоа е во спротивност со новинарските принципи. По секој пасус, на читателот му се наметнува барање да кликне на рекламниот линк за да прочита повеќе. Датумот на објавување на содржината не се совпаѓа со оној на дистрибуцијата на „Фејсбук“, сепак сите овие елементи не спречиле содржината да има висока интеракција. За само неколку дена, објавата на Фејсбук ја лајкнале 104 луѓе, околу 115 други коментирале, а други 5 ја споделиле на своите профили.

Сензационален наслов што не се појавува во текстот

Насловот на содржината што ја рецензираме е многу сензационален и тенденциозен и во ниту еден момент не е цитиран во содржината. Во однос на содржината на текстот, видлив е конфузен пристап и се работи за некохерентен текст. Првиот пасус гласи: Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот предупреди да не се испраќаат трупи и оружје на НАТО во Украина, велејќи дека тоа е „црвена линија“ за Русија и ќе предизвика силен одговор“. Всушност, текстот објавен во декември се однесува на изјава на рускиот претседател дадена на 18 декември, изјава која беше во фокусот на светските медиуми. Во написот објавен од Ројтерс „Путин вели дека Западот ги преминува руските „црвени линии“, а на Алџезеира „Путин го обвини Западот дека ги преминува „црвените линии“ на Русија“, детално се зборува за вознемирувачките изјави на рускиот претседател, но во ниту еден момент не се цитира дека Русија има ракета што стигнува за 5 минути до оние кои издаваат наредби.

Според меѓународните медиуми, Путин овие изјави ги дал за време на телевизиско гостување на руска телевизија, а не на „инвестициски форум“ како што се тврди во текстот што го рецензираме. За време на телевизиското обраќање, Путин нашироко зборувал за руската надворешна политика и предупредил дека западните стратешки бомбардери кои носат „многу сериозно оружје“, летаат на 20 километри од руските граници.

Во последниот пасус се истакнува Рускиот претседател рече дека новата хиперсонична ракета, која се очекува да биде ставена во употреба од руската морнарица на почетокот на следната година, би можела да ја достигне својата цел во слични моменти. „На истата ќе и требаат само пет минути да стигне до оние што издаваат наредби“, рече тој.

Како што споменавме погоре, од проверката и анализата на написите објавени во светски познатите медиуми, нема изјава на рускиот претседател каде што е нагласена реченицата „Нашиот проектил стигнува до оние кои издаваат наредби за 5 минути“. Авторот на текстот или погрешно ја превел изјавата на рускиот претседател или намерно ја пренесува оваа изјава во лажна форма за да создаде тензија и да привлече што повеќе кликови.

Што се однесува до темата за новата руска хиперсонична ракета, тоа е друго прашање кое го привлече вниманието и на меѓународните медиуми. На 29 ноември светската новинска агенција Ројтерс го објави насловот „Русија вели дека хиперсоничната ракета Циркон ја погодила целта при последниот тест“ во кој се објаснува соопштението на Русија за успешното тестирање на ракетата „Циркон“. Понатаму се вели дека проектилот бил истрелан од воен брод во Баренцовото Море и погодил поморска цел на повеќе од 400 километри. Деталите за последното тестирање на споменатата ракета ги соопшти руското Министерство за одбрана, а не претседателот Путин, како што се тврди во содржината што ја разгледуваме. Путин го поздрави успешниот тест и го оцени како важен настан за земјата (ВИДЕО: Мин- 0.55), за време на јавен настап во декември.

Со написи од овој вид, споменатиот медиум создава фасцинација и фаворизирање на Русија. Вообичаено, воената моќ на Русија не е дел од некоја широка или длабинска анализа, споменувањето често се прави надвор од контекст (поврзано со кој било настан – прослава, маневар, изјави на високи претставници на руската влада) и нема компаративни елементи или балансиран наратив за воената моќ на другите држави. За оваа појава може прочитајте повеќе на овој линк.

Искривување на фактите и извадени од контекст на изјава е неприфатливо во новинарството, ваквата постапка е во спротивност со Кодексот на новинарите кој вели:

  • Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации кои се од јавен интерес. Новинарот мора да објавува точни и докажани информации и нема да крие суштински податоци и нема да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или ако се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се докажува колку што е можно повеќе.

Од Шефкије Аласани

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар