Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина
На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а втората откачен тромб.

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е споделено видео од сигурносна камера. Видеото потекнува од Русија, а авторката на постот тврди дека на него, наводно, се гледа ученик кој умира после примена Спутник вакцина. Видеото трае 1 минута и 4 секунди. На него се гледа дека во училница деца имаат тест, наставничката ги набљудува. Во еден момент ученикот губи свест, се струполува од столчето, наставничката излегува од кадарот и со трчање бара помош од други колеги.
Што навистина се случило?
На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а втората откачен тромб.
Момчето починало уште пред да дојдат лекарите, a одело во 11 одделение. ТВ каналот РЕН објави дека причината за настапувањето на смртта е тромб. Истражниот комитет на Руската Федерација е оној кој работи на тоа да ги открие деталите за тоа што се случило. Младиот човек пред да почине пишувал есеј. Да споменеме дека на 1 декември во сите руски училишта, учениците од 11 одделение пишувале завршен есеј за државен испит.
Во руските медиуми се појавија и куп шпекулации дека причини за смртта може да биде стрес или недоволна исхрана. Матичниот лекар Никита Карлов за ТВ РЕН изјави:
Стрес, недоволна исхрана, што е реално за ученик во Русија. Се случило во училиште, значи детето било под стрес, имало тест. Можеби родителите биле премногу стоги. Целата крв оди во мускулите и во нервниот систем кога телото се бори со стресот. Телото чувствува закана по живот, се мобилизира, рекол Карлов.
Исто така, се наведува дека ученикот имал чир и почеток на гастритис. Коментирајќи ја смртта, гастроентерохепатологот Анатолиј Матјухин вели дека смртта од чирови со крвавење може да се случи од три до пет минути.
Според рускиот медиум „Курир“, причината за настапувањето на смртта е отворен чир кој ученикот го имал и за кого знаел подолго време.
Поради горенаведените факти, оценуваме дека не е вистина дека ученикот починал како последица на примање на вакцината против коронавирусот, Спутник, туку како последица на други здравствени проблеми.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар