Во Бразил 60 отсто од населението е целосно вакцинирано
Не е вистина дека многу малку од луѓето во Брaзил се вакцинирани. Тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“, каде што може да се прочита дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини. Целосно вакцинирана е 60 отсто од популацијата во оваа земја, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19.
Не е вистина дека многу малку од луѓето во Брaзил се вакцинирани. Тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“, каде што може да се прочита дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини. Целосно вакцинирана е 60 отсто од популацијата во оваа земја, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19.
Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека во Бразил многу мал дел од луѓето биле вакцинирани против ковид-19. Ова не е точно.
Постот споделува видео од плажа во Бразил на која се присутни многу луѓе и вели:
Ова е во Бразил, каде многу малце од лугето се вакцнирани. Гледате како лугето „пагаат како муви“ оти не примале вакцина?
Лага е дека во Брaзил многу малку од луѓето се вакцинирани, како што се сугерира во постот, а тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“.
Доколку отидете на оваа страница и побарате податоци за вакцинацијата во Бразил ќе видите дека 60 отсто од популацијата во оваа земја е целосно вакцинирана, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19. Тоа значи дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини.
Кампањата за масовна имунизација во Бразил е тековна и истата започна на 17 јануари 2021 година, кога земјата имаше 210 илјади смртни случаи. Институтот Бутантан ги увезе првите 6 милиони дози на CoronaVac во соработка со кинеската компанија Sinovac Biotech.
Во Бразил се достапни вакцините Фајзер, Спутник В, Џонсон и Џонсон, Астра Зенека, Ковишилд, Синофарм и Синовак.
Како што неодамна (14.11.2021) напиша „Њујорк Тајмс“, Бразил, кој некогаш беше жариште на пандемијата, сега ги надмина Соединетите држави во целосно вакцинирање на својот народ против коронавирусот, при што над 60 отсто од бразилското население е целосно имунизирано. Стапката во САД на целосна вакцинација изнесува 59 проценти.
Достигнувањето е во спротивност со начинот на кој претседателот Жаир Балсонаро се справуваше со пандемијата на која ѝ се потсмеваше, а тој самиот одби да се вакцинира. Тоа, исто така, го одразува степенот на довербата на јавноста во робустен здравствен систем со евиденција за брзо реагирање во такви кризи, пишува „Њујор Тајмс“.
Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме шири дезинформации и истиот го оценуваме како невистинит.
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар