Во цртан филм од пред 30 години не се зборува за ковид пандемијата
Во цртаниот филм од деведесеттите, што се споделува во овој пост на Фејсбук, ниту се зборува, ниту, пак, е можно тој да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку во нарацијата се споменува инфлуенца и затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести, кои се пренесуваат по респираторен пат. Цртаниот филм само е злоупотребен за да се минира процесот на вакцинација и да се создаде теорија на заговор околу наводните темни сили одговорни за медикаменти и вакцини, што претставуваат согледувања кои се комплетно невтемелени во реалноста.

Рецензираме објава на Фејсбук во којашто се тврди дека видеоматеријалот од цртан филм што е прикачен во склоп на постот, всушност е предвидување за иднината, за појавата на ковид пандемијата.
Станува збор за јапонскиот цртан филм Sailor Moon, оригинално од 1992 година. Во видеоматеријалот се тврди дека ковид-19 е разобличен во цртан филм од 1990-тите години, односно дека цртаниот филм се однесува на ковид-пандемијата, само затоа што во сценариото на цртаниот филм се изложени елементи од нарација (комплетно фиктивни), во кои се тврди дека темните сили сакаат да продолжат да даваат медикаменти и вакцини кај населението.
Но, во цртаниот филм ниту се зборува, ниту е можно да се зборува за пандемијата со коронавирусот, туку во нарацијата се споменува инфлуенца. Во нарацијата на цртаниот филм се споменува затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести кои се пренесуваат по респираторен пат. Исто така, се тврди дека нема лек, меѓутоа во случајот со ковид-пандемијата, има вакцини, кои штитат од тешка форма на ковид и од смрт.
Во видео материјалот што го рецензираме се оди и чекор подалеку, па се тврди дека вакцините и медикаментите се администрирани од страна на некакви темни сили. Голем парадокс! Ем се тврди дека нема лек, ем единственото средство за победа врз ковид-19 и создавање колективен имунитет, се вели дека е производ на темните сили, што е контрадикторно.
Ковид-19 е инфективна болест предизвикана од новооткриен коронавирус пред само година и половина и на ниеден начин не би можела да биде предвидена во деведесеттите, спротивно на она што го инсинуира цртаниот филм.
Во меѓупериодот од објавувањето на цртаниот филм до пандемијата со коронавирусот, во светот се појавија и други пандемии предизвикани од респираторен вирус.
Така што, во цртаниот филм од деведесеттите, ниту се зборува ниту, пак, е можно да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку тој е злоупотребен за да се минира процесот на вакцинација и да се создаде теорија на заговор околу наводните темни сили одговорни за медикаменти и вакцини, што претставуваат согледувања кои се комплетно невтемелени во реалноста.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар