Распуштен советот на Тетово, нови избори на повидок
На вчерашната седница, Владата донесе решение, Советот на Општина Тетово е распуштен.
Причината за тоа, од Владата соопштуваат дека е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март.
„За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби“, соопштија од Владата.
Независната советничка група Подобро за Тетово, реагира пак дека Владата го прекршила рокот за одлучување дали Советот на Општина Тетово ќе оди на вонредни избори токму поради прекршување на законските рокови и за неусвојување на сомнителна завршна сметка од страна на истата.