СВР Охрид
Две лица од струшко Корошишта преместиле броило на ЕВН и украле електрична енергија вредна над 22 400 евра
Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 83 и 45 години, двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
–Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија. Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.


