Skip to main content

Новиот базен во Струга од денеска започна со термини за рекреативно пливање

Месечна членска карта заинтересираните можат да набават по цена од 2000 денари.
 |  инфодеск  | 

Реконструираниот затворен базен во Струга од денес започнува и со термини за рекреативно пливање.

Сите заинтересирани може да го користат базенот за рекреативно пливање во следните термини:

➡️ Од понеделник до недела – 07:00-16:00;

➡️ Од понеделник до сабота – 21:00-23:00.

Цени за рекреативно пливање:

➡️ Дневен билет (пливање 1 час) – 200 денари;

➡️ Месечна членска карта – 2000 денари.

Максимален број на пливачи во една стаза е 5. Доколку се исполни капацитетот на базенот во одреден момент, присутните ќе мора да почекаат додека се ослободи место.