Пo пауза од две децении во Струга повторно запливаа првите пливачи. Официјално беше пуштен во употреба затворениот пливачки базен. Објектот е комплетно реконструиран за што Агенцијата за спорт и млади инвестираше 99 милиони денари. Покрај големиот олимписки базен, кој ги исполнува сите стандарди за меѓународни натпревари за пливање и ватерполо, дограден е и мал базен.
Стариот затворен базен беше изграден пред 40 тина години, дваесет и две години беше надвор од функција, потполно распаднат. Со новиот објект ке стопанисува подружницата на ЕСМ Струга.
„Завршен е договорот со ЕСМ за да може да стопанисува за да не додјеме до рпоблем кајкако во Кунаово со базенот и големите сметки за струја па го затвораа. Со ова мислам дека тој проблем е надмината и се надевам дека денес здравје боже после Нова гдина базенот ке биде во функција за сите”, вели Наумче Мојсоски директор на Агенцијата за спорт и млади Струга.
Со овој проект конечно, во градот на две води, се враќаат водените спортови, а градот Струга прв во регионот доби современ затворен базен.
„Ова е од огромно значење за развој на спортот, на пливањето, на триатлонот на ватеролото и за развојот на младите да не одат по лоши патишта да бидат насочени кон здрав живот спорт и рекреација” вели Никола Кутаноски тренер по пливање.
Во Охрид доцни изградбата на затворениот пливачки базен. Проектот започна во 2015 година, осум години подоцна завршени се 60% од градежните работи. Од Агенцијата за спорт и млади најавија дека охридскиот затворен пливачки базен ќе биде готов во септември идната година.
Новинар Соња Рилковска