Се намалува бројот на запишани ученици во струшките гимназии
Од година во година се помал е бројот на запишани ученици во двата средношколски центри во соседна Струга. Дотолку сериозна е состојбата што оваа година згасна една од паралелките во кои наставата се одвива на Албански наставен јазик во гимназијата „Ибрахим Темо“.
Од година во година се помал е бројот на запишани ученици во двата средношколски центри во соседна Струга. Дотолку сериозна е состојбата што оваа година згасна една од паралелките во кои наставата се одвива на Албански наставен јазик во гимназијата „Ибрахим Темо“.
Загрижува фактот што од година во година се помал е бројот на запишани ученици во прва година, во средношколските центри во соседна Струга. Во СОУ „Нико Нестор“ вкупно 325 ученици се запишале во прва година во 16 паралелки, од кои седум се на македонски наставен јазик а девет се на Албански наставен јазик. Во споредба со бројот на запишани ученици од минатата година нема некоја голема разлика, но ако се направи споредба со бројот на ученици кои матурирале, ситуацијата е малку поинаква, вели Никола Затуроски – директорот СОУ „Нико Нестор“
„Меѓутоа објективно она што е реалност е тоа што бројот на завршени ученици што биле матуранти биле со поголем број, 48 ученици се вкупно, повеќе завршиле во споредба со бројот на оние кои сега се запишале“, објаснува Затуроски.
Во гимназијата Нико Нестор во паралелките каде наставата се одвива на македонски јазик, бројот на ученици е дваесетина, а на албански јазик 30. Уште посериозна е ситуацијата во гимназијата „Ибрахим Темо“ , каде намалуваниот број на ученици го примора менаџментот на ова средно училиште на подрастична мерка.
„Годинава нагло е намален бројот на учениците, за разлика од лани имаме помалку ученици, 62 од нив 50 се албанци, 10 се македонци, двајца се од туркските паралелки. Затоа бевме принудени да налаиме една паралелка на албански јазик“ објаснува Џеладин Муча – директор СОУ „Ибрахим Темо“.
Од струшките гимназии велат дека поради намалување на бројот на ученици досега не дошло до отпуштање од работа на наставниц и дека сега од менаџментот на образовните установи се бара начин, како на некои од професорите да им се пополни фондот на часови да дојдат до 22 часови.Вообичаено тоа се прави со доделување на некои дополнителни активност. Намалувањето на наталитетот и се поголемата миграција во нашиов регион се наведуваат како основните причини за оваа сериозна појава.