Од Општина Струга информираат дека градоначалникот Менди Ќура, го реализираше примопредавањето на мандатот на новиот директор на ЈП „Еко Струга“.
На чело на јавното претпријатие застанува Абдулјади Шазиманоски, кој ја презема одговорноста за управување и унапредување на комуналните услуги, а на церемонијата на примопредавањето присуствуваше и поранешната директорка, Гордана Ѓорѓиоска Китаноска.
-Општина Струга продолжува со јасни политики за зајакнување на локалните институции, зголемување на ефикасноста и гарантирање транспарентност во служба на граѓаните, се вели во соопштението од општината.